Македонија

(ФОТО) Мапата на Харвард која Грција и Бугарија би ја избришале за навек

На водечкиот светски универзитет им е јасно каде се Македонците

Еден од водечките светски универзитети Харвард од Бостон Масачусетс во САД пред 45 години објавува мапа која што Грција и Бугарија би ја избришале за навек.

Картата која е де факто јазична и етничка Македонија е објавена во 1980 година во Харвардската енциклопедија на американските етнички групи и ги означува областите кадешто се зборува македонскиот јазик.

На картата јасно се гледа дека во огромен дел од северна Грција е присутен македонскиот јазик.

Исто е и со Пиринска Македонија во Бугарија каде што на голем процент од овој бугарски регион се зборува македонски јазик.

Универзитетот Харвард кој дал десетици американски претседатели, спикерот, министри или конгресмени е место каде што работат огромен број на грчки или програми настроени научници особено во делот на археологијата и историјата.

Картата ја објавува сајтот Виртуелна Македонија кој македонската вистина ја промовира на англиски јазик.

Оваа мапа е убедливо доказ за лагите на грчката и бугарската државна пропаганда според која нема македонски јазик и нема Македонци кои се различни од Грците и Бугарите.

На мапата не пишува Словенски јазик или бугарски дијалект туку македонски јазик.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top