Македонија

(Фото): „Мотоцентар“ ги претстави брендовите „Dunlop“ и „Falken“ – нова ера на супериорни перформанси и безбедност на патиштата

„Мотоцентар“ официјално ја презентираше соработката со водечкиот глобален производител на гуми “Sumitomo Rubber Industries“ (SRI). Во рамки на презентацијата која се одржа денес во хотелот “DoubleTree by Hilton“ во Скопје, беа претставени брендовите Dunlop и Falken.

Компанијата “Мотоцентар“ официјално ја презентираше соработката со водечкиот глобален производител на гуми “Sumitomo Rubber Industries“ (SRI). Во рамки на презентацијата која се одржа денес во хотелот “DoubleTree by Hilton“ во Скопје, беа претставени брендовите Dunlop и Falken пред партнерите, соработниците и медиумите. Со ова партнерство, “Мотоцентар“ ја зајакнува позицијата на пазарот, нудејќи им на возачите во Македонија премиум и средна класа на автомобилски гуми, од светски ранг. На презентацијата, покрај менаџментот на “Мотоцентар“, учествуваа високи претставници од европскиот тим на брендовите: Гинтер Рипл (Günther Riepl), Сениор директор за продажба за Централна и Источна Европа; Матијас Форстер (Matthias Förster), Сениор технички инженер за “Dunlop Tyre Europe“ и Рафаел Дарендорф (Raphael Dahrendorf), Специјалист за односи со јавноста.

  • “Партнерството со ’Sumitomo Rubber Industries’ е резултат на нашата долгорочна стратегија за застапување на исклучиво докажани, глобални брендови. Воведувањето на Dunlop во премиум сегментот и Falken како решенија со врвни перформанси во средната класа ни овозможува целосно да ги задоволиме барањата на современиот пазар, кој сè повеќе бара напредни и иновативни технологии. Горди сме што преку оваа соработка на македонските возачи им нудиме производи што директно ја зголемуваат безбедноста и ефикасноста на патиштата, по конкурентни цени“, изјави Горан Гроздоски, Генерален Директор на “Мотоцентар“.

За време на настанот, беа истакнати клучните иновации кои го прават брендот Dunlop еден од најценетите во автомобилската индустрија. Посебен акцент беше ставен на револуционерната ACTIVE TREAD технологија, систем за адаптивен пневматик кој реактивно го менува својот состав според временските услови. Пневматикот омекнува при ниски температури и на влажен пат, а станува поцврст при високи температури и сув коловоз, нудејќи максимална безбедност без компромис. Воедно, беа претставени и Blue Response TG и Synchro Weather сериите – нова генерација пневматици дизајнирани за максимална стабилност, намалена бучава благодарение на Silent Wave технологијата и оптимизирана потрошувачка.

Покрај премиум сегментот на Dunlop, беше презентирано и портфолиото на Falken, кое нуди идеален баланс помеѓу перформансите, издржливоста и достапноста, со фокус на новите модели како Euroall Season AS220 и палетата Vario Core, соодветна и за електрични возила.

Брендовите Dunlop и Falken се препознаени ширум светот и веќе се избор број еден за прво вградување кај дел од светските брендови на автомобили, меѓу кои се Audi, Bentley, BMW, Deepal, Geely, Honda, Hyundai, Jaguar, Lexus, Mazda, Mercedes-Benz, Mini, Mitsubishi, Nissan, Porsche, SEAT, Skoda, Subaru, Toyota и Volkswagen.

“Dunlop и Falken се два бренда со богата повеќедецениска традиција и визија насочена кон иднината. Преку нашите глобални партнерства на повеќе од 100 пазари во светот и присутноста во најпрестижните автомобилски трки и спортски настани, постојано инспирираме доверба и страст кај љубителите на возењето. Задоволство ни е што преку овој настан во Скопје ја пренесуваме приказната и вредностите на нашите брендови и на македонскиот пазар. Заедно со ‘Мотоцентар’ отвораме ново поглавје за Dunlop и Falken“, изјави Гинтер Рипл, Сениор директор за продажба за Централна и Источна Европа.

По официјалната презентација, присутните гости имаа можност одблизу да се запознаат со изложените модели на гуми, техничките карактеристики и идната стратегија на брендовите. За сите заинтересирани, пневматиците од брендовите Dunlop и Falken се достапни во рамки на продажната мрежа на “Мотоцентар“ ширум државата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top