Македонија

Фото на денот: Мико ја „донесе“ Македонија со себе на планината Ескудиља во Аризона

Почесниот конзул во САД разрешен пред седум години од Владата на Заев не престанува да ја промовира Македонија

Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, во фотографијата на денот позира со шал со натпис „Македонија“ на англиски и со Сонцето од Кутлеш на планината Ескудиља во Аризона.

„Ја донесов Македонија со мене на планината Ескудиља во Белите Планини во Аризона! 10.916 стапки/3.327 метри“, објави на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) ревносниот борец за идентитетот и правата на Македонците, кој беше почесен конзул на Македонија во Тусон од 2013 до 2018 година, кога го разреши Владата на Зоран Заев.

Најнови вести од: Македонија

Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Пратениците на Паралментарното Собрание одлучија да го затворат пост-мониторинг дијалогот и да продолжат да ги следат случувањата во земјата преку својот механизам за редовен периодичен преглед

To top