Македонија

(Фото): Новата реалност во Македонија – Вештачка интелигенција што решева реални проблеми

Вештачка интелигенција што го следи и намалува загадувањето на воздухот, му асистира на докторот во операциона сала, но и овозможува одгледување растенија без почва со цел да се избегнат бактерии и пестициди – токму тоа е физичката вештачка интелигенција.

Поврзување на иновациите, образованието и бизнис секторот, преку современи дигитални решенија и напредни технологии. Македонија и
официјално го доби првиот иновативен технолошки парк N99, со амбиција да го поттикне развојот на таленти и меѓународната соработка. Посебно внимание привлекува хуманоидниот робот, претставен како симбол на иднината на образованието и технолошкиот развој.

Од Владата велат дека се отворени за соработка, зашто токму иновациите го отвораат патот за развој на земјата. Министерката за образование Весна Јаневска од Американскиот универзитет на Европа – ФОН, изрази благодарност за се што прават факултетите, заедно со професорите и студентите.

Еко системот Н99 соработува со преку 40 земји од светот, идејата е под еден кров да се спои образованието, иновацијата, технологијата и бизнисот. Собрани се најдобрите кадри од Македонија за да може да се понуди производство и на глобално ниво и да бидеме конкурентни во светот.

Македонија мора да стане место каде ќе се создаваат современи технолошки решенија со глобален потенцијал, велат од менаџментот
на универзитетот. Ваквите проекти се стремат кон создавање простор каде младите таленти, стартап компаниите и експертите ќе можат заеднички да работат на идеи поврзани со вештачка интелигенција, deep-tech индустријата и дигиталната трансформација, со цел домашните
иновации да добијат пристап до странски пазари.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија ги брани државните интереси достоинствено и со аргументи

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави, оцени премиерот

(Фото): Македонскиот рубин да се заштити како дел од природното наследство на земјата

„Македонски рубин“ добива правна заштита, но и се отвора следната фаза – практична примена на заштитата и воспоставување систем кој ќе гарантира дека називот се користи само за производи што ги исполнуваат утврдените услови.

To top