Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Од Зоолошката градина во Скопје објавија фотографии од реденденот на малото мајмунче Мики, за кое претходно вработен во ЗОО објави дека дел од посетителите му украле дел од подароците.

  • Од мало и повредено бебе, денес си вистински мал борец и радост за сите нас. Твојата приказна е доказ дека со грижа и љубов се спасуваат животи. Мики ти си нашиот мал херој, велат од ЗОО.

Од таму објавија фотографии од прославата на неговиот роденден.

  • Фотографиите се од роденденската прослава во чест на гибончето Мики, настан на кој преку едукација ја доближивме до посетителите важноста за заштита на природните живеалишта на гибоните кои се загрозен вид. Приказната на Мики е потсетник колку е важно да ги штитиме и почитуваме дивите животни.

Да бидеме глас за нивната иднина, велат од Зоолошката градина во Скопје, велат од ЗОО.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top