Македонија

(Фото): Премиерот и градоначалникот на Скопје во ноќна обиколка на градот – како течат работите?!

Премиерот Христијан Мицкоски  и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во ноќна обиколка на метрополата извршиле увид на градежните работи на  булеварот Македонија, со кој Скопје ја добива својата прва подземна сообраќајница. Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук вели дека работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во […]

Премиерот Христијан Мицкоски  и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во ноќна обиколка на метрополата извршиле увид на градежните работи на  булеварот Македонија, со кој Скопје ја добива својата прва подземна сообраќајница.

Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук вели дека работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во вечерните часови, кога сообраќајот е намален и не се создаваат дополнителни гужви.

  • Иако третата фаза, подземната сообраќајница е веќе изградена, нејзиното целосно ставање во функција е возможно само со реализација на сите фази. Во рамки на оваа етапа се врши реконструкција и рехабилитација на постоечкиот коловоз, како и проширување на одделни коловозни ленти со цел значително подобрување на проточноста и функционалноста на сообраќајот. Проектот ги опфаќа булеварот Борис Трајковски (кај Рампа), улиците 11 Октомври и Пролет, како и крак од булеварот Македонија  до приклучокот на булеварот Борис Трајковски, од каде продолжува кон следната фаза – вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека е предвидено проширување на улицата Пролет, на потегот од Полициската станица Пролет до Тутунскиот комбинат, со дополнителна коловозна лента. Раскрсницата на овој потег, како што вели, од безбедносни причини, ќе биде уредена со два острови во форма на триаголник и три во форма на солза, со што значително ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

  • На потегот од улицата  Пролет кон Лимак, како и од Лимак кон булеварот Борис Трајковски  се воведува еднонасочен режим на сообраќај, додека на раскрсницата меѓу булеварот Борис Трајковски и улицата 11 Октомври ќе бидат поставени нови, современи семафори – додава Ѓорѓиевски.

Веќе во наредната фаза, вели тој, е предвидена изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“, како и уште два кружни текови на потегот меѓу булеварот Кочо Рацин и улицата Јордан Мијалков (Железничка), како и проширување на булеварот Св. Кирил и Методиј.

  • Паралелно со коловозната инфраструктура, се изведува и атмосферска канализација со поставување на повеќе од 60 шахти и сливници – значаен чекор кон поотпорна, одржлива и функционална урбана инфраструктура- додава Ѓорѓиевски.

Тој опишува како ќе изгледа подземната сообраќајница, која  ќе располага со шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај и две наменети за јавен превоз, како и дополнителни пешачки патеки.

  • Со нејзиното пуштање во употреба се очекува значително намалување на метежот, побрзо и поефикасно движење низ централното градско подрачје и создавање на побезбеден, поуреден и покомфорен урбан простор. Ова е ново поглавје во развојот на Скопје. Со современи инфраструктурни решенија кои досега не биле карактеристични за градот, правиме одлучен чекор кон модерен, функционален и вистински европски град. Скопје го градиме со работа. Со визија. Со посветеност. Скопје го правиме заедно. По скопски!- вели Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top