Македонија

(Фото+Видео): Сите државни патишта се исчистени и проодни, екипите на „Македонија пат“ на терен, вели министерот за транспорт

„Благодарам за силниот ангажман на вработените во Македонија пат. А, снегот дава дополнителна убавина на нашата Македонија!“, порача министерот за транспорт Николоски. Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да патуваат внимателно, и покрај подобрените услови на патиштата.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски објави видео на социјалните мрежи со кое информира дека сите државни патишта низ Македонија се исчистени од снег и целосно проодни.

Во објавата, Николоски упати благодарност до вработените во „Македонија пат“ за, како што наведе, силниот и посветен ангажман во услови на снежни врнежи. Тој истакна дека екипите се постојано на терен и активно работат на одржување на безбедноста и проодноста на патната мрежа низ целата држава.

  • „Снегот дава дополнителна убавина на нашата Македонија, но приоритет останува безбедниот сообраќај и непреченото движење на граѓаните“, порача министерот во објавата.

Од надлежните институции апелираат возачите и понатаму да возат внимателно, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината на зимските услови на патиштата.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top