Македонија

(Фото): Затвори без никакви услови за луѓето – аларм од Народниот правобранител

Народниот правобранител и во последниот извештај укажува на хроничните проблеми во затворите, полициските станици и психијатриските установи.

Несоодветни сместувачки услови во дел од затворите, проблеми со навремена здравствена заштита, недоволна кадровска екипираност и сериозни материјално-технички недостатоци се дел од главните забелешки во извештајот на Националниот превентивен механизам при Народниот правобранител за 2025 година. Станува збор за 15-ти извештај, кој покажува дека и покрај долгогодишните препораки, состојбите во затворите, полициските станици и психијатриските установи остануваат во голема мера непроменети.

Минатата година, тимовите на Омбудсманот биле во 13 ненајавени посети на казнено-поправни установи, полициски станици и психијатриска установа, а состојбите затекнати во нив се пренесени во 15. извештај на Омбудсманот, презентиран денеска. Тој покажува дека и покрај долгогодишните препораки, состојбите во дел од затворите, полициски станови и психијатриската установа во голема мера остануваат непроменети. Според Заменичката-народен правобранител, Соња Трифуновска, не станува збор за изолирани проблеми на поединечени институции, туку за системски предизвици кои бараат институционален одговор.

  • „Недостатокот на кадар, недоволните материјални ресурси, ограничениот пристап до здравствени услуги, несоодветните услови во дел од установите и потребната континуирана обука на пресоналот не претставуваат излоирани проблеми на поединечни институции, туку системски предизвици кои бараат координиран и долгорочен институционален одговор“, изјави Трифуновска на денешната прес-конференеција.

Според извештајот, во затворот во Куманово е констатиран недостиг на вода за пиење, проблем што доведува до здравствени ризици. Притвореници, како што се нотира, биле затекнати како спијат на душеци на под, а системите за повикување на функционираат.

Во најголемата казнено-поправна установа во земјава, скопскиот затвор „Идризово“ голем проблем и понатаму останува пренатрупаноста. Поради административни проблеми, лицата кои издржуваат затворски казни таму често немаат соодветен пристап до задравствено осигурување, а во женското одделение нема редовно топла вода.

Тимот на Народниот правобранител добил поплаки од осуденици во Казнено-поправниот дом „Струга“ поради акција на Единицата за интервенции. Според извештајот, тие бил принудени два часа да стојат со раширени раце и ноз потпрени на ѕид.

Од друга страна, пак, Затворот во Охрид, каде се сместени малолентици, се наоѓа во стар објект од 1950-тите години на минатиот век и опкружен со станбени згради. Извештајот нотира дека осудените деца се директно изложени на погледи и дофрлања од соседите, со што грубо се нарушува нивната приватност. За време на посетата во оваа установа била измерена температура во просториите под 18 Целзиусови степени и висока влажност, што е е под сите минимални стандарди за хумано сместување.

Извештајот на Омбудсманот нотира дека дел од препораките дадени во претходните години се делумно имплементирани, но значителен број од нив остануваат нереализирани. Состојбите, како што се посочува, со години се повторуваат и немаат суштинско подобрување.

Во полициски станици и понатаму се евидентира недостиг на униформирани службеници, несоодветни услови за работа и отсуство на посебни простории за разговор со деца. Инаку, со извештајот се опфатени четири полициски станици.

  • „Речиси во сите посетени полициски станици беше констатиран недостиг на кадар, што претставува еден од клучните предизвици за нивното секојдневно функционирање. Дополнително, беше забележана практика на прераспоредување на полициски службеници на работни позиции и задачи за кои претходно немале работно искуство. Недостаток во полициските станици на посебно опремени простории за разговор со деца. Во најголемиот дел од посетените полициски станици такви простории не постојат, поради што разговорите со деца се спроведуваат во канцелариите на инспекторите за деца, односно за малолетничка деликавенција“, вели Заменичката-народен правобраните, Трифуновска.

Извештајот нотира сериозни предупредувања и за психијатриски установи. При контрола во Психијатриската болница „Демир Хисар“ биле добиени наоди дека одделението е претворено во место каде завршуваат проблематични пациенти кои преку манипулативни активности избегнуваат затворски казни.

  • „Наместо санкцијата да биде резултат на објективно утврдување на вината и одговорноста, таа станува производ на влијание врз експертската проценка“, се вели во извештајот, во кој се заклучува дека присуството на лица со криминален профил, кои немаат вистинска клиничка индикација за лекување, создава атмосфера на страв, заплашување и виктимизација на вистинските пациенти.

Извештајот, исто така, забележува дека психијатриската установа во „Демир Хисар“ е под сериозен притисок и поради недостаток на кадар и технички услови. Поради тоа има проблеми со бегства на пациенти, а регистрирано е и едно самоубиство.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар во Штип

Зголемен е бројот на пациенти со мозочен удар во Штипската болница. Одделот за неврологија е скоро целосно пополнет. Зголемен е бројот на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок во лекарските ординации…

To top