Македонија

(Фото): Завод и Музеј Охрид го „воскресна“ Заливот на коските кој скапуваше

Целосно сменета кровната покривка на сите куќарки, санирана е платформата, и дека ќе се трошат уште пари за целосно обновување на локалитетот. Музејот се отвори во 2008 година.

Откако беше оставен на работ од времето, во лоша состојба, запуштеност и неодржуваност, саниран е Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште, еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид. Станува збор за санација за која беа потрошени 15 милиони денари (над 240.000 евра) од буџетот на Завод и Музеј Охрид, рече денеска директорот Горан Патчев.

  • „Презедовме доста чекори за реставрација на самата инсталација, на изложбениот простор во музејот, санитарните јазли, за системот за наводнување. Седум години не беше ништо вложувано и изминатава година доста интензивно се спроведоа активности“, кажа Патчев.

Оваа реплика на праисториска наколна населба на местото наречено Плоча Миќов Град, со 24 куќички од кал и гранки поставени на дрвена платформа изградена на дрвени колци кои излегуваат од Охридското Езеро, со години имаше расклатена и на места скршена ограда, даските на платформата на повеќе места беа раздвоени, клинците штрчеа од спојките.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека е целосно сменета кровната покривка на сите куќарки, санирана е платформата, и дека ќе се трошат уште пари за целосно обновување на локалитетот.

Музејот се отвори во 2008, по две години изградба што чинеше 2 милиони евра, а финансираше Министерството за култура, во времето кога Паско Кузман беше директор на Управата за заштита на културното наследство.

Во 2021 година, Министерството за култура даде над 8.000 евра за санација на  оштетувањата на Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште. Тогаш од Охридскиот Завод и Музеј рекоа дека средствата не се доволни за комплетна реконструкција, но ќе се прават најнеопходните зафати за да се подобри безбедноста на музејскиот комплекс.

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top