Македонија

Гаши: Кај нас секои избори се прашање на живот или смрт

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, објави дека на 12 септември се очекува усвојување на Декларација за фер и демократски избори

facebook.com/AfrimGashiAlternAtivA

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, објави дека на 12 септември се очекува усвојување на Декларација за фер и демократски избори, откако политичките партии претходно ќе ја потпишат. Според Гаши, со донесувањето на Декларацијата во Собранието, нејзината порака ќе добие поголемо значење и тежина. Тој додаде дека овој документ е неопходен поради сомневањата на премиерот Христијан Мицкоски, кој изјави дека ДУИ и СДСМ подготвувале таен план поврзан со изборите, изјави Гаши на средбата со новинарите.

-Проблемот е што ние секои избори ги правиме како да се последни и како да се работи за живот и смрт. Потребата од вакво нешто произлегува и од самата изјава на премиерот Мицкоски кој се сомнева дека ДУИ и СДСМ, имаат таен план за изборите. Декларацијата им е поднесена на пратениците а се планира да биде донесена на 12 септември. Досега партиите ваквата Декларација ја потпишуваа во ДИК, но сметам дека пораката ќе биде посилна и ќе има поголема „тежина“ доколку биде донесена на пленарна седница во Собранието, изјави Гаши.

Гаши притоа говореше и за Изборниот законик, рече дека досега нема нова иницијатива и повторен обид за усвојување на измените.

Засега нема најава од некого за повторен обид за измените на Изборниот законик. Пред десетина дена на седницата на 16-ти овој месец имаше иницијатива за заеднички да го донесеме, но тоа не се случи. Ако не ја свикавме седницата ќе беше дека не сме пробале да го донесеме законот и воедно да се види кој е за или против, изјави Африм Гаши, претседател на Собрание.

На прашањето за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за планираната реконструкција на Владата по изборите, претседателот на Собранието Африм Гаши не даде детали за тоа кој од коалицијата ВРЕДИ би бил засегнат, ниту дали реконструкцијата ќе се однесува само на министрите кои се кандидати за градоначалници и би можеле да победат на локалните избори. „Веднаш штом биде поднесен предлог за реконструкција, ќе свикам седница, но во моментов немам информации за тоа кој би бил опфатен“, изјави Гаши.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Никогаш не сум разговарал со странски дипломат за прифаќање мигранти! Ова е Македонија, а не Албанија!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави за ТВ Канал 5 дека секоја година се намалува бројот на мигранти што поминуваат низ Македонија за пет, седум, осум проценти, како и дека годинава од страна на Министерството за внатрешни работи не е одобрено ниту едно барање за азил.

(Фото): Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети шивалната на затвореничките во „Идризово“

Идејата е затворите да бидат економска единица што ќе прави приход, не само за затворот, туку и за целиот затворски систем и за државата, велат надлежните. Претседателката рече дека на крајот од посетата си купила неколку креации за кои рече дека ќе ја потсетуваат не само на луѓето што ги сретнала, туку и на тоа дека мора да се работи на подобрување на условите за затвореничките.

Додека САД трупаат резерви на бакар, Македонија „го складира“ под земја

Аналитичарите предвидуваат недостиг на пазарот на бакар од 124.000 тони оваа година и 150.000 тони следната година. Побарувачката за бакар е поттикната од глобалните инвестиции во модернизацијата и проширувањето на електропреносните мрежи, а енергетската транзиција, која вклучува технологии за обновлива енергија како што се ветерниците и фотоволтаиците, исто така ќе ја зголеми потребата за бакар.

To top