Македонија

Гаши: „Не сум предавник“

Предавството никогаш не било навика во нашето семејство, вели претседателот на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши ги отфрли шпекулациите дека, наводно, сакал да ја напушти коалицијата ВРЕДИ.

„Јас сум личност која никогаш не прави предавство. Јас сум со моите пријатели, во моментот кога нема да се согласувам со нив, ќе ја напуштам политиката, но предавството никогаш не било навика во нашето семејство“, изјави претседателот на Собранието Африм Гаши во емисијата „ПодГо“ на Телеграфи.

Што се однесува до обединувањето на ВРЕДИ во една партија, Гаши рече дека завршиле доволно работа кон конечно обединување, споменувајќи го заедничкото претседателство, шефот на заедничкиот штаб за локалните избори, како и заедничката кадровска комисија.

За локалните избори, претседателот на Собранието вели дека очекува победи на колаицијата ВРЕДИ во повеќето општини.

„Добро е да се ослободиме од адреналинот на изборите. Мора да правиме разлика помеѓу локалните и парламентарните избори“ порача тој.

„На локалните избори мора да зборуваме за локални прашања, а не за национални прашања. Да излеземе со подобри кандидати и најдобри проекти и да имаме квалитетна конкуренција. Граѓаните сега се љубопитни да видат колку ВРЕДИ може да даде во локалната самоуправа.

Убеден сум дека во повеќето општини ќе има победа за ВРЕДИ но тоа ќе зависи и од кандидатите, но мислам дека ќе има продолжување на изразувањето на волјата и во локалната самоуправа.

Добро е политичарите да бидат бирани според тоа за што работеле, а не на која партија припаѓаат“, рече Гаши.

Најнови вести од: Македонија

Средба Перински – Варнс: Стратегиското партнерство со САД е врвен приоритет

Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс. Потврдена е заедничката посветеност за натамошно унапредување на стратегиското партнерство меѓу двете држави

Груби на распит во обвинителството – се товари за криминал „тежок“ 8 милиони евра

Артан Груби, осомничен за проневера во „Државната лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, веќе е спроведен на распит во Обвинителството.

Петрушевски: Време е Артан Груби да се соочи со правдата (ВИДЕО)

Криминалот на бегалецот од правдата Груби, достигна вредност од минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а има индиции дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, пари украдени од граѓаните

To top