Македонија

Генијалецот Македон Димитровски со само 12 години е примен на Програмата за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“ во САД!

Голем успех постигна Македон, кој е примен во престижната Програма на американскиот универзитет, наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.

По тестирањето Македон го добил и признанието „Големи почести/ СЕТ“, за извонредните резултати по математика и зборовни способности. Ова е највисоко признание за исклучително високи резултати во рамките на тестирањето. „Студии за исклучителен талент“ – СЕТ (“Study of Exceptional Talent“ – SET) е програма и признание на „Џонс Хопкинс“ за ученици, кои постигнуваат резултати значително над очекуваното за нивната возраст.

Успесите на Македон се надополнуваат и со резултатот, на кој на 11-годишна возраст освоил 1.440 поени – 740 по математика и 700 по читање и пишување. Зад бројките и признанијата, како што истакнуваат неговите родители, стои огромната љубов кон знаењето. Македон досега има освоено повеќе од 20 златни медали на меѓународни математички натпревари.

Неговиот успех е повод за особена гордост за цела Македонија, а не само за неговото семејство, кое го поддржува да продолжи да верува во себе, да учи, да сонува и да напредува многу над неговата возраст.

 

 

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top