Македонија

Ѓорѓиевски: Ќе направам „генералка“ на Скопје во првите 72 часа од мандатот

Веднаш потоа продолжуваме со четиригодишната програма која Скопје треба да го доведе до статусот „Град без депонии“, а скопјани ќе добијат квалитетен градски превоз

Кога зборувам за генералка за 72 часа, мислам на вистинска акција која ќе го мобилизира целото Скопје. Тоа ќе биде симболичен и практичен старт.

Првите три дена пое преземањето на функцијата ќе се излезе масовно на терен: општините, адинистрацијата, комуналните служби, институциите, ќе упатиме покана и до граѓанскиот сектор, како и до сите наши граѓани кои сакаат да го видат Скопје чисто. Сите ќе бидат дел од ова чистење, вели кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски в интервју за „Плусинфо“.

„Сакам да ја вратиме свеста кај луѓето дека јавниот простор е наш заеднички двор и дека мора да го чуваме и да се грижиме за него како што се грижиме за сопствениот дом.

Но „генералката” е само почеток.

Веднаш потоа продолжуваме со четиригодишната програма која Скопје треба да го доведе до статусот „Град без депонии“.  Мојата порака е јасна: во првите 72 часа ќе расчистиме со ѓубрето што се собирало со години, a потоа никогаш повеќе да не дозволиме Скопје да се претвори во депонија.

„ Кога зборуваме за проектот „Град без депонии“, зборуваме за јасна стратегија и системска акција. Современ град без депонии е возможен ако отпадот се третира како ресурс, а не како проблем. Секој отпадок мора да има своја дестинација: селектиран, повторно искористен, рециклиран или претворен во енергија“, вели Ѓорѓиевски.

Кандидатот за иден „градски татко“, во интервјуто вели дека е запознаен со катастрофалната состојба во која се наоѓа јавниот превоз.

„Секојдневно разговарам со граѓани кои се жалат на расипани автобуси, нефункционален возен ред и целосно игнорирање на нивните проблеми од актуелното раководство на ЈСП

(…).

Како што веќе имам најавено, првиот чекор кој ќе го направам е темелна ревизија на работењето на ЈСП од страна на експерти. Ќе се провери организациската, финансиската и оперативната состојба на претпријатието, а врз основа на наодите ќе следуваат реформи: кратење на непродуктивните трошоци и насочување на средствата кон она што е навистина важно за граѓаните, обнова на возниот парк и подобрување на квалитетот на услугата.

Во првите 100 дена ќе започне подготовка на нов возен ред, реорганизација на линиите и воспоставување систем за следење на ефикасноста. Ова е подготвителна фаза за интегрираниот систем на јавен превоз, за кој покрај обновата на возниот парк, со поддршка од Владата и Министерството за транспорт и врски ќе анализираме за воведување на градски воз, потоа ќе направиме детална проверка за можноста на БРТ системот и ќе го удвоиме бројот на велосипедски патеки. Сето тоа ќе биде интегрирано во еден дигитализиран систем кој ќе овозможи јавниот превоз да стане побрз, поефикасен и поеколошки“ вели Ѓорѓиевски, кој во моментот е градоначалник на Општината Кисела Вода, во интервјуто за „Плусинфо“

ПОВЕЌЕ на следниот ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top