Македонија

Ѓорѓиевски на средба и возење со авто-рели возачот Иџе Стефановски

Го прошетавме Скопје со неговиот „службен“ автомобил и разговаравме за инфраструктурните сообраќајни проекти и решенија кои се вметнати во мојата програма

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со Игор Иџе Стефановски.

-Денеска имавме вистинско адреналинско искуство со легендарниот македонски професионален авто-рели возач, Игор Иџе Стефановски. Го прошетавме Скопје со неговиот „службен“ автомобил и разговаравме за инфраструктурните сообраќајни проекти и решенија кои се вметнати во мојата програма, објави Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека е голема чест и задоволство е да се биде дел од ваква инспиративна приказна, во која се спојуваат страста, посветеноста и љубовта кон спортот.

Градот Скопје ќе даде поддршка на спортскиот автомобилизам, потенцира Ѓорѓиевски и додаде:Благодарам за поддршката за мојата кандидатура, Иџе!

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top