Македонија

Ѓорѓиевски: Нов културен дом „Есма Реџепова“ во Шуто Оризари

Со тоа оддаваме и посебна почит кон големата Есма Реџепова – амбасадор на ромската култура, која со својот глас го претставуваше не само Шуто Оризари, туку и Скопје и цела Македонија во светот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави изградба на нов Културен дом кој ќе биде простор за театар, концерти, изложби, кино и младински активности во Општина Шуто Оризари..

„Со изградбата на новиот Културен дом „Есма Реџепова“ на местото на старото матично, вложуваме во културата како темел на заедништвото и локалниот идентитет. Домот ќе биде простор за театар, концерти, изложби, кино проекции и младински активности, но и симбол на достоинството, традицијата и културната енергија на Шуто Оризари. Со тоа оддаваме и посебна почит кон големата Есма Реџепова – амбасадор на ромската култура, која со својот глас го претставуваше не само Шуто Оризари, туку и Скопје и цела Македонија во светот“, истакна Ѓорѓиевски.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓиевски, најави и изградба на нов фудбалски стадион, реконструкција на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, и спроведување на социјалната програма „Скопје – град кој се грижи за сите“ .

Како што рече,, овие вложувања се дел од визијата за рамномерен развој на Скопје, каде секоја општина добива шанса.

Најавениот фудбалски стадион ќе има трибини, соблекувални, осветлување и пристапна инфраструктура, и ќе служи за спортски активности на младите, но и за локални и за регионални натпревари и за општествени настани.

Планирана е и целосна реконструкција на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, со нови терени, зелени површини и урбана опрема, со цел да се врати неговата улога како центар на спортот и рекреацијата.

Во рамки на социјалната програма „Скопје – град кој се грижи за сите“, тој најави системска поддршка за граѓаните во социјален ризик, преку финансиска помош, хуманитарни пакети, психосоцијална поддршка и програми за преквалификација.

Ќе се формираат и прифатни центри со 24-часовна грижа и програми за ресоцијализација на бездомници.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top