Македонија

Ѓорѓиевски: Потпишана декларација за обединување за подобро Шуто Оризари

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска изјави дека потпишувањето на Декларацијата за заедничко делување претставува „историски чекор“ кон обединување за подобрување на Шуто Оризари и создавање достоинствено Скопје.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска изјави дека потпишувањето на Декларацијата за заедничко делување претставува „историски чекор“ кон обединување за подобрување на Шуто Оризари и создавање достоинствено Скопје. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски истакна дека сите партии кои се приклучија кон коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат Ерџан Демир, кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, кој, според него, ќе донесе промени што општината долго ги очекува.

„На Шуто Оризари му е доста од хаос, запоставеност и неправда. Доста е граѓаните од оваа општина да бидат третирани како граѓани од втор ред. Време е за промена. Време е за нова енергија, достоинство и развој, време е заедно да создадеме подобра иднина“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој вети дека со поддршка од Град Скопје, Ерџан Демир ќе ја трансформира општината преку проекти како изградба на модерен стадион, Културен дом „Есма Реџепова“, обнова на улиците и комуналната инфраструктура, создавање зелени површини и уредени јавни простори, како и инвестиции во младите.

Ѓорѓиевски посочи дека Декларацијата за заедничко делување е потпишана од повеќе партии, вклучувајќи ги РОМ – Роми обединети од Македонија, Обединета партија за еманципација на Ромите, Демократска партија на Ромите, Сојуз на Ромите, Демократски сили на Ромите и Централна демократска унија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top