Македонија

Ѓорѓиевски: „Безбеден град“ и новите проекти ќе ја сменат културата на возење во главниот град

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се обрати на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

facebook.com/1OrceGj

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се обрати на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Во фокусот на собирот беа клучните предизвици, размената на добри практики и потребата од засилена меѓуинституционална соработка за побезбедни улици и патишта низ целата земја.

Во своето излагање, Ѓорѓиевски подвлече дека безбедноста во сообраќајот не е само техничко, туку и општествено прашање кое бара промена на навиките и свеста на сите учесници.

„Скопје е срцето на државата – економски, културен и социјален центар со динамично секојдневие и огромен сообраќаен предизвик. Секој возач, велосипедист и пешак носи дел од одговорноста. Тоа е задача што нè обврзува сите – од семејствата и училиштата, преку институциите, до медиумите.

Нашата метропола е најголемиот сообраќаен јазол во земјата. За да функционира оваа сложена мрежа, потребни се системски, професионални и координирани решенија. ЈП „Улици и патишта“, ЈСП Скопје, сообраќајната полиција, факултетите, невладиниот сектор и сите останати чинители мора да работат како една целина.

Безбедноста не се сведува само на сема семафори и пешачки премини – таа е цел систем кој ги менува навиките и однесувањето. Брзото возење, непочитувањето на правилата и игнорирањето на пешачките премини мора да станат исклучок, а не правило.

Огромен придонес ќе даде системот „Safe City“, кој веќе пробно функционира преку опомени, а од Нова година ќе почне и со казнување на несовесните возачи. Со ова решение очекуваме директно намалување на прекршоците и создавање култура на одговорно возење.

Во насока на растеретување на сообраќајниот метеж и зголемување на безбедноста, Град Скопје веќе работи на низа капитални проекти: подземната сообраќајница и кружниот тек кај Лимак, двата кружни тека кај „Тобако 2“, новото решение во Бутел кон Радишани и Чучер Сандево, модерниот кружен тек во центарот на Ѓорче Петров и новата клучка на источниот влез кај Хиподром.

Ова се само дел од визијата „Нула несреќи“ со која до 2030 година ќе реконструираме и унапредиме 50 опасни крстосници и улици по највисоки европски стандарди. Целта е Скопје да стане побезбеден град од просекот на главните градови на Западен Балкан – град каде ризикот од смрт или тешки повреди е минимизиран, а улиците се сигурни за секого.

Скопје и скопјани заслужуваат современ, предвидлив и безбеден сообраќај, каде мобилноста е ефикасна, а инфраструктурата е создадена за возачи, велосипедисти и пешаци подеднакво. Ние сме тука да го оствариме тоа со систематски, координирани и одговорни решенија“, порача градоначалникот Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска се сретна со граѓаните од Кисела Вода

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

(Видео): Партиските притисоци од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден, се одело по насока на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност.

Мицкоски јасен: Местото на Македонија е во Европа

Македонија е жртва на булинг од земји членки кои го условуваат евроинтегративниот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека земјата не се вреднува според напредокот, туку според политички услови.

(Фото): Панчевски за СЈО: Во светот можеш се да купиш и бут и врат и кременадла, образ никој не продава

Животот не е 4 години, не е ни 6, не е ни функција, ни власт, животот е долг и полн со искушенија од нечесни луѓе, лажомани и предавници, но полн е и со чесни, искрени и добронамерни кои го топлат срцето. Со овие зборови го почна последниот пост, поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, кој […]

To top