Македонија

Ѓорѓиевски: Во градот Скопје имаме стабилно советничко мнозинство

Кандидатот за градоаначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој оди во вториот круг денеска се сретна со советничкото мнозинство во Советот на Градот предводено од носителот Даме Димитровски

Кандидатот за градоаначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој оди во вториот круг денеска се сретна со советничкото мнозинство во Советот на Градот предводено од носителот Даме Димитровски

-Во градот Скопје имаме сериозно стабилно советничко мнозинство. Одржавме конструктивна, координативна средба.  Најнапред, сакам искрено да им се заблагодарам на сите граѓани за големата поддршка што ја дадоа за мене и за советничката листа за Град Скопје. Вашата доверба е поттик и обврска да работиме уште посилно и поодговорно.На средбата разговаравме за првите наши чекори по преземањето на функцијата градоначалник, како и за најгорливите прашања што ќе бидат наш сериозен фокус до крајот на годината. Првиот ребаланс на буџетот ќе биде насочен кон враќање на функционалноста на градот, кон капитални инвестиции, подобра инфраструктура, чиста животна средина и поддршка на јавните претпријатија кои се во сериозен колапс, вели Ѓорѓиевски.

Истакнува дека на Скопје и на неговите граѓани им е потребна стабилност и систематско решение на наталожените проблеми, а не експерименти, туку план, одговорност и работа.

Советот ќе биде двигател на тие промени, насочен кон интересот на граѓаните.

– Ние сме силен синџир и секоја алка е важна, секоја алка активна во мисијата за подобро Скопје. Вратата за соработка со сите советници останува отворена, затоа што веруваме дека вистинскиот напредок се постигнува само со обединета енергија и искрена посветеност. Мнозинството ќе биде водено од принципи, работа и одговорност. Секој советник ќе има свое место и улога во напредокот на градот. Верувам дека во наредните четири години, со заеднички ангажман, визија и труд, ќе го направиме Скопје повторно достоинствен град на кој сите ќе се гордееме. Со среќа на сите советници! Ова се сериозни, посветени и докажани луѓе во својата професија и верувам во искрена и плодна соработка која ќе донесе резултати за сите скопјани. Ве повикувам за уште поголема поддршка за вториот круг, да се фатиме за работа уште од првиот ден и Скопје да почне конечно да функционира.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кој беше Борис Трајковски, како загина и што ни остави?!

Покрај претседателот Борис Трајковски, во авионската несреќа животите ги загубија членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од трагедијата денеска се одбележува во Скопје, родниот град на поранешниот претедател, Струмица, како и во Ротимље

(Фото): ​Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и МЦГО

Во образовниот сегмент, преку оваа соработка во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од април започнуваат низа активности. Учениците ќе поминат обуки за медиумска писменост и поголема безбедност на интернет, ќе реализираат сопствени младински иницијативи и ќе учествуваат во „Отворен ден за пријателство и почит“. Проектот ќе биде придружен и со соодветна медиумска кампања на социјалните мрежи, насочена кон промоција на вредностите на проектот и заштитните механизми во заедницата.

Македонија без роаминг во земјите од ЕУ – реалност или надеж?!

Европската Унија е чекор поблиску кон олеснување на мобилната комуникација за граѓаните на Западен Балкан. Европската комисија најави дека ќе побара од Советот на ЕУ зелено светло за старт на преговори со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, со цел укинување на роаминг-надоместоците при патувања во Унијата.

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите за земјоделците, манипулацијата на опозицијата паѓа во вода

Нема кратење на субвенциите со новата Програма за директни плаќања туку воведување ред и правична распределба на парите за земјоделците, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на седницата за пратенички прашања.

Мицкоски: Осудувам секаков говор на омраза, вклучително и по етничка основа

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека осудува секаков вид говор на омраза, вклучително и оној на етничка основа. Смета дека никој не треба да користи таков говор и оти од државните институции ќе побара најстроги санкции за оние што ќе навредуваат по етничка основа.

Кривична пријава против А.Б., полициски службеник од Шестата управа, го возел приватното возило без возачка

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Б. поднесе предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари за „злоупотреба на службена положба“ и штета од 4 милиони денари

МВР поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Кичево, две други лица и еден правен субјект, со злоупотреби и несовесно работење го оштетиле буџетот на Општина Кичево за сума од над 1.400.000 денари.

Мицкоски за Груби: Нема никаква логика да сум се договорил со оние, кои сакаат да го видат мојот политички крај!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека поранешниот вицепремиер Артан Груби е обезбеден од страна на органите на редот и целата понатамошна постапка е одлука на судската власт.

To top