Македонија

Гладни гости сакале насилно да влезат во затворена гостилница и го истепале сопственикот

Со овие дејствија предизвикале чувство на несигурност и страв кај неколку други лица кои се затекнале во близина.

Основното јавно обвинителство Куманово покрена истражна постапка против две лица поради основано сомнение дека заеднички извршиле кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 18 јануари 2026 година, по 1 часот по полноќ, кога осомничените агресивно се обиделе да влезат во угостителски објект (гостилница) кој веќе бил затворен, со цел да консумираат алкохол по работното време.

По одбивањето од страна на сопственикот, тие продолжиле со насилничко однесување во дворот на објектот.

Според обвинителството, осомничените физички го нападнале сопственикот, му задавале повеќе удари по главата и телото, го собориле на земја и му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десната рака и повреда на увото.

Со овие дејствија предизвикале чувство на несигурност и страв кај неколку други лица кои се затекнале во близина.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд Куманово поднел предлог за определување мерка притвор. Судот го прифатил предлогот и на двајцата осомничени им определил притвор во траење од по 30 дена.

 

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top