Македонија

Глигоров одбил 100 милиони долари мито од Грција за да го смени името

Декласифицирани документи на ЦИА покажуваат како првиот претседател на независна Македонија успеа да маневрира меѓу силните притисоци од Грција, ризикот од Белград и внатрешните етнички тензии со Албанците

Киро Глигоров, широко познат како „Стариот лисец“ на Балканот“, останува една од најенигматичните и најстратегиските фигури на југословенската транзиција. Документи што неодамна се декласифицирани од архивите на американската разузнавачка служба – ЦИА – го потврдуваат овој епитет, откривајќи ја неговата внимателна дипломатска игра во раните 1990-ти години, пренесува албанската новинска агенција ИНА.

Според документ на ЦИА од ноември 1992 година, се изнесуваат детали за тоа во која насока се движела Македонија како новоформирана држава по отцепувањето од поранешна федерална Југославија, со новиот лидер кој доаѓал од Белград.

Во време кога регионот тонел во крвопролевање, Глигоров успеал да маневрира меѓу силните притисоци од Грција, ризикот од Белград и внатрешните етнички тензии со Албанците. Во разузнавачките извештаи тој бил опишан како „мудар реформатор“ со извонредно владеење на стратешките детали, пренесува ИНА.

Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за да се купи името на Македонија

Документот открива изненадувачка заднина: и покрај итната потреба од економска помош, Глигоров одбил приватна понуда од грчки функционери во износ од 100 милиони долари, со услов да се смени името на државата. Претседателот ги оценил грчките барања како целосно неразумни, изјавувајќи дека Македонија никогаш нема да ги прифати. Тој инсистирал дека републиката дала доволно докази дека нема територијални претензии кон соседите, истовремено изразувајќи длабоко разочарување од Европската заедница, која ја поддржувала грчката вето-политика, пренесува ИНА.

Дистанцирање од Милошевиќ и архитектите на југословенската криза

На регионален план, Глигоров имал многу внимателен однос кон Белград. Иако се обидувал да одржи комуникација со лидерите од поранешна Југославија, тој решително ги одбил обидите на српскиот претседател Слободан Милошевиќ да го убеди да формира асоцијација со преостанатата југословенска држава доминирана од Србија. Документите потврдуваат дека Глигоров немал доверба во Милошевиќ и го сметал, заедно со хрватскиот претседател Фрањо Туѓман, за главни одговорни за крвавата југословенска криза. Наспроти тоа, тој воспоставил блиска соработка со претседателот на Босна, Алија Изетбеговиќ, со кого бил во постојан контакт за координација на чекорите за заштита на суверенитетот.

Внатрешните предизвици и балансот меѓу Албанците и ВМРО

Одржувањето на внатрешната стабилност било најтешката задача за Глигоров, со оглед на тензиите меѓу големата албанска етничка заедница и десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ. Неговата стратегија се темелела на нагласување на индивидуалните права на граѓаните, наместо на колективните права – пристап што бил прифатен од умерените албански лидери, иако тие ја обвинуваа владата за недостиг на чувствителност. Се смета дека авторитетот на Глигоров бил клучниот фактор што ја одржувал кревката владина коалиција во која учествувале и албанските партии. За да ги ограничи радикалните струи во ВМРО, тој паралелно работел на зајакнување на врските со Бугарија и Турција, а воедно барал политичка поддршка од големите сили како САД, Британија и Франција.

Документот содржи и детали од биографијата на поранешниот претседател Глигоров, опишувајќи го како политичар и технократ кој со децении служел на највисоките финансиски и извршни функции во федерална Југославија, пишува ИНА.

Најнови вести од: Македонија

Бугаринот Виктор Стојанов поттикнувал скопјанец да шири омраза кон Македонија

Pретседателot на бугарската фондацијата „Македонија“, е опфатен со кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, дело казниво по член 394-г став 1 од Кривичниот законик

To top