Македонија

Голем пожар синоќа во фабрика во Велес

Сѐ уште има слаби чадења на одредени места во фабриката, а за да се спречи повторно разгорување, пожарникарите и другите служби се сѐ уште присутни на терен

Синоќа околу 22:00 часот избувнал голем пожар во фабриката „Мирана“ во Велес, по што веднаш дејствувале пожарникарите, а пожарот бил локализиран 6 часа подоцна, информираше ЦУК.

„Според информациите добиени од СВР Велес и ТППЕ Велес, пожарот во фабриката за прехранбени производи ДПТУ „Мирана“ ДООЕЛ во Велес, кој бил пријавен во ТППЕ Велес во 22:00 часот, а во СВР Велес во 22:20 часот на 04.08.2025 година, е локализиран во 04:00 часот на 05.08.2025 година.

Сѐ уште има слаби чадења на одредени места во фабриката, а за да се спречи повторно разгорување, пожарникарите и другите служби се сѐ уште присутни на терен.

Според првичните сознанија на СВР Велес, гореле магацин (во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друго) и канцелариски простории (документација и други материјали).

Најнови вести од: Македонија

Топлификација пријатно ќе ги изненади корисниците

Од утре, 13 октомври 2026 година, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системите за централно греење во Скопје, со кои управува АД ЕСМ преку ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и Подружница „Енергетика“

И Ива Михаилова замина на „лекување“ во Бугарија

Жителката на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка со смртни последици, ја напуштила земјава заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи

To top