Македонија

Голема хуманитарна прослава за вториот роденден на Diamond Mall

„2 години сјај, на забавата и нема крај“

Diamond Mall ја започна својата роденденска прослава со повик до граѓаните на заедничка хумана мисија, посветена на грижа за напуштените животни и поттикнување на нивно вдомување. Наместо класична прослава, Diamond Mall преку низа активности сака да ја подигне свесноста за грижата за бездомните животни и да ги поттикне граѓаните повеќе да вдомуваат улични кучиња. Роденденските активности стартуваат на 20 октомври, кога во трговскиот центар ќе биде отворена Зона за донации, каде посетителите, сѐ до 25 октомври, ќе можат да остават храна и опрема за миленици, кои потоа ќе му бидат донирани на Јавното претпријатие „Лајка“. Oд 24 до 26 октомври ќе се одржи Саем за храна за миленици, на кој ќе учествуваат компании од оваа индустрија, а ќе нудат совети за правилна грижа за животните.

Посетителите во тие три дена ќе имаат можност и за бесплатни консултации со ветеринари за нивните домашни миленици, на специјалниот ветеринарен штанд. Тука ќе бидат изложени и „кандидатите“ кои чекаат нов дом, преку специјално поставениот Ѕид за вдомување, на кој ќе бидат изложени фотографии од кучињата, а ќе има и секојдневни средби со нив.

„Веруваме дека мали гестови на солидарност создаваат голема промена, а овој роденден е можност да покажеме дека комбинацијата на забава и добри дела е вистинскиот пат за создавање позитивни општествени вредности. Со ваквиот пристап Diamond Mall ја потврдува својата определба дека не е само место за купување и забава, туку и простор што создава позитивни општествени промени и ги мотивира граѓаните кон поголема одговорност и емпатија“, изјави Селин Октај, директорка на Diamond Mall.

На 25 октомври, во утринските часови, ќе се одржи голема улична парада, која ќе ја предводат 20 маскоти на ликови од детски цртани филмови.

Под мотото „Да зборуваме и да покажеме дека ни е грижа“, парадата ќе стартува од градскиот плоштад, по што маскотите ќе влезат во молот и ќе изведат шоу за почеток на детската роденденска забава.

Потоа следува концерт на омилените детски херои Биби и Боби, како и квиз, награди и многу изненадувања. Предвидена е и креативна работилница „Бојадисај куќичка за куче“, во која е планирано купување и декорирање куќички со помош на децата, по што сликарски изработените куќички ќе ѝ бидат донирани на „Лајка“. На 26 октомври ќе се случи големиот хуманитарен концерт во атриумот на Diamond Mall, а ќе настапат популарни пејачи Тамара Тодевска, Лозано, Викторија Лоба, кои се познати и по грижата за животните. Специјален гостин ќе биде музичката легенда Драган Мијалковски.

Влезот ќе биде бесплатен, а единствен услов, во духот на целиот настан, ќе биде да се донесе минимум еден килограм храна за кучиња, која потоа ќе ѝ биде донирана на „Лајка“, која е партнер на Diamond Mall во реализација на овој хуманитарен настан. Во 14.00 часот ќе бидат објавени добитниците од роденденската наградна игра, по што концертот продолжува. За потсетување, големата роденденска наградна игра трае до 26 октомври, а главната награда е најновиот модел на автомобил Geely Cityray, како и повеќе парични награди, меѓу кои и две од по 50.000 денари. За учество е потребен купон, кој се добива за секое купување на производи и услуги од Diamond Mall во вредност од 1.000 денари. Инаку, модната понуда на Diamond Mall ќе биде збогатена и со новиот бренд Funky Buddha, кој ќе биде вистинско изненадување за сите љубители на урбаниот стил, а во финална фаза се и подготовките за отворањето на најголемиот фитнес центар. Diamond Mall официјално беше отворен на 20 октомври 2023 година и со својот уникатен концепт на Лајф-центар стана едно од омилените места за шопинг, дружење и забава.

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

To top