Македонија

Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин

Акција на МВР и ОЈО за ГОКК

Во тек e голема полициска акција во скопските населби Ѓорче Петров, Хром и Нерези, насочена против организирана мрежа за трговија со дрога.

Од МВР велат дека се вршат претреси на повеќе локации, а детали најавија за утре.

– Во координација со предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици од МВР вршат претреси на повеќе локации низ Скопје, со оглед дека акцијата трае повеќе информации ќе споделиме во текот на утрешниот ден, велат од МВР.

Според информациите, инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР извршиле упади на повеќе локации, со цел апсење на лица инволвирани во продажба и распространување на кокаин.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top