Македонија

Ѓорѓиевски: Возам свое возило, сам си ги плаќам горивото и службените патувања

Скопскиот градоначалник низ сопствениот пример порача дека не е дојден на функцијата за да живее на грбот на граѓаните

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во објава на Фејсбук порача дека не е дојден на функцијата за да живее на грбот на граѓаните.

🫵 Да се биде прв човек на градот е чест, но уште поголема одговорност.
♥️ Одговорност пред граѓаните.
Пред мојот народ.
Пред секој човек кој ја дал својата доверба со надеж дека конечно ќе види работа, ред и резултати.
🫡 Јас не сум дојден овде за да живеам на грбот на граѓаните.
Дојден сум граѓаните да го почувствуваат бенефитот од нашето работење, она што со години, со децении недостасуваше.
✔️ Затоа работиме домаќински, чесно и одговорно.
🚘 Возам сопствено возило.
⛽️ Горивото го плаќам од мојата плата.
💰 Репрезентацијата ја пренаменивме за капитални проекти.
✈️ Службените патувања си ги покривам сам.
Секој денар од буџетот мора да се врати назад кај граѓаните во нови улици, булевари, мостови, чист град, подобри услуги и проекти кои го менуваат Скопје.
🏢 За само шест месеци, градот кој беше оставен во огромна дупка го исправивме на нозе.
Го вративме редот, ја вративме работата и ја вративме надежта дека Скопје може поинаку.
🤝 Пред нас се капитални проекти кои ќе значат вистинска преродба за нашиот град.
И нема да застанеме.
Напротив, продолжуваме со уште посилно темпо, со уште повеќе работа и со уште поголема одговорност.
✅ Не сме сите исти.
Нас нѐ прават различни чесноста, транспарентноста и домаќинското работење од нашите претходници.
♥️ Скопје заслужува градска власт која не троши за себе, туку работи за народот.
И токму така ќе продолжиме“, порача Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред сам да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top