Македонија

Господ на помош – им порача градоначалникот на Струмица на кандидатите

Костадинов им посакува среќа на новите кандидати

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, на сите кандидати за градоначалник на Струмица, им посака среќа и им порача дека Струмица секогаш била пример за фер натпревар на идеи.
„Денес започнува официјално кампањата за претстојните локални избори, период во кој нашата демократска зрелост повторно ќе биде ставена на тест. Струмица секогаш била пример за политичка коректност и фер натпревар на идеи. Овие избори, особено за нашиот град, се различни од сите претходни. Токму затоа, најважно е сите кандидати и за градоначалници и за советници да се насочат кон локалните предизвици и решенија, наместо кон национални или, уште полошо, меѓународни теми. Нашиот град има потреба од визија и континуиран развој. Визионерството понекогаш знае да биде сурово, бидејќи одлуките што се носат можат да изгледаат тешки и непопуларни. Но важно е тие одлуки искрено да се прикажат пред граѓаните, дури и кога во очите на градоначалникот изгледаат сурови. Само така може да се обезбедат трајни резултати и стабилна иднина. Одрекувањето или оградувањето од визионерските проекти не му носи добро на никого, напротив ја поткопува довербата и најмногу им штети на граѓаните. Струмица отсекогаш била пионер на прогресивни политики и проекти, од времето на Манолев, преку Грчев, Јанев, Заев и Јаневски, па сè до денес. Освен со прогресивноста, нашиот град се гордее со дух на мирољубие, вистинска еднаквост и инклузија на етничките малцинства, афирмација на жената и нејзината улога во општеството, зачувување на традиционалните и духовни вредности, развој на културата и спортот, сè што ја прави Струмица посебна. На сите кандидати им посакувам фер и коректна кампања. Нека победи вистинската визија, визијата на човек кој уште денес треба да има јасна слика за тоа како ќе изгледа Струмица по четири години, на денот кога ќе треба достоинствено да ја предаде должноста“ порачува актуелниот градоначалник на Струмица.љ

Со лесно и Господ на помош, напиша тој.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top