Македонија

Гостинот на Сиљановска Давкова предизвика вознемир во Софија – Бугарското МНР му врачило демарш на словачкиот амбасадор

Во Софија збунетост и разочарување што колегата на македонската претседателка застана на македонска страна

Посетата на словачкиот претседател Пелегрини кој беше гостин на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова предизвика вознемир во Софија каде бугарското МНР му врачил демарш на словачкиот амбасадор во Бугарија.

Вчера на 15 октомври 2025 година, амбасадорот на Словачката Република во Софија, Васил Гривна, бил повикан на состанок во Министерството за надворешни работи во врска со официјалните изјави дадени од претседателот Петер Пелегрини за време на неговата посета на Република Македонија.

Според бугарската страна словачкиот претседател дал неприфатливите оценки дадени во врска со процесот на европска интеграција на оваа земја.

Како што пренесуваат повеќе бугарски извори генералниот директор за европски прашања, Јордан Прванов, ја изразил длабоката збунетост на бугарската страна во врска со ставовите изнесени од претседателот Пелегрини, кои според Софија во пракса ја оспоруваат валидноста на Европскиот консензус од јули 2022 година, усвоен од сите земји-членки на ЕУ, вклучително и Словачка.

,,Длабоко сме разочарани што токму земја-партнер си дозволува да ја промовира контрапродуктивната реторика на владата на Република Македонија, која постојано бара некого да го обвини за недостатокот на напредок во нејзиниот процес на европска интеграција. Таквиот став не е во интерес ниту на стратешката визија на ЕУ за регионот, ниту на граѓаните на оваа земја-кандидат”, се вели во реакцијата на официјална Софија.

Ги потсетуваме нашите партнери во Братислава дека напредокот на патот кон ЕУ зависи исклучиво од нашите сопствени заслуги во процесот на спроведување на утврдените критериуми и постигнатите договори, стои во пораката од Софија до официјална Братислава.

Пелегрини на прес конференцијата со Сиљановска Давкова не штедеше критики кон Европската Унија, која како што рече, применува двојни стандарди во процесот на проширување.

„Сфаќам дека минавте тежок пат кон ЕУ, знам колку беше тешко да се реши прашањето за името. Но, еве постојано се појавуваат нови услови и затоа мислам дека ЕУ прави голема грешка. Вашата земја е дел од процесот 20 години и мораше да донесе тешки одлуки. И покрај тоа немам одговор кога ќе се приклучите кон ЕУ. ЕУ ризикува со овој процес, но ние сме на ваша страна и ќе ве поддржуваме на сите можни начини затоа што веруваме дека сте дел од Унијата“, изјави Пелегрини на прес-конференција со неговата македонска колешка Гордана Сиљановска-Давкова.

Исто како и неговата македонска колешка, Пелегрини е согласен дека интеграцијата на Македонија во ЕУ не треба да се злоупотребува со политички спорови, туку треба да се заснова само на исполнување на Копенхашките критериуми.

„Дали рокот од 2030 за влез на вашата ЕУ е реален? Јас навистина го посакувам тоа и сметам дека ЕУ си игра со напорите на оваа земја. Таа треба да е свесна дека овој процес е жив и земји како вашата имаат потенцијал да преговараат за секое поглавје и да ги спроведуваат реформите. Загрижен сум дека пристапувањето нема да се заснова на техничките процеси, туку на некои геополитички игри, што би било огромна политичка грешка и ќе зажалат за ова. Не можам да прифатам двојни стандарди и затоа ја критикувам ЕУ“, рече Пелегрини.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top