Македонија

Граѓаните на Чаир „живеат со едно отворено око“

Кандидатот за градоначалник на Чаир вели дека граѓаните не се виновни што биле измамени со купување станови во дивоградби

„Граѓаните кои ги потрошиле своите животни заштеди на станови изградени без дозвола се жртви, а не виновни. Тие нема да бидат казнети“, вели Бујар Османи.

Тој предупреди дека прв приоритет ќе биде да се потврди конструктивната безбедност на овие згради.

„Граѓаните денес живеат со едно отворено око, плашејќи се за безбедноста на своите семејства.

Доколку во Чаир се случи земјотрес, дури и мал, или пожар како оној во Кочани, жртвите би биле безбројни.

Целта не е да се казнат измамените граѓани, туку да се гарантира нивната безбедност“, нагласи Османи.

Османи, пак, предупреди на јасна одговорност за виновниците, почнувајќи од општинското раководство и администрација.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top