Македонија

Грција нуди стипендија за Македонци, месечно ќе дава 650 евра

Познавањето на грчкиот јазик е „плус“

Република Грција објави покана за аплицирање за стипендија за додипломски студии на грчките јавни универзитети почнувајќи од оваа година.

 

Министерството за надворешни работи на Република Грција нуди една  стипендија за граѓани на Република С. Македонија за посетување додипломски студии (на грчки јазик) на јавните универзитети во Грција почнувајќи од академската 2025-2026 година.

 

Меѓу понудените студиски програми се: грчки јазик и литература; историја и археологија; заштита на антиквитети и уметнички дела; новинарство и медиуми; теологија, вклучително и исламски студии; право; економија; политички науки; медицина и здравствени науки.

 

Познавањето на грчкиот јазик е „плус“. Носителите на стипендии без работно познавање на грчкиот јазик ќе треба да се регистрираат за курс по јазик во траење до осум месеци, пред да започнат со студиите во следната академска година (2026-2027).

 

За повеќе информации за грчките јавни универзитети, посетете ја веб-страницата „Студирај во Грција“: https://studyingreece.edu.gr/universities/

 

Стипендијата обезбедува месечен надомест (650 евра), курсеви по грчки јазик без школарина (доколку е потребно) и учебници (освен оние на Факултетот за грчки јазик).

 

Заинтересираните кандидати можат да ги поднесат своите апликации за најмногу три  оддели по нивна желба, приложувајќи:

– Биографија (на грчки или англиски јазик);

– Копија од диплома за завршено средно образование*;

– Потврда од надлежен орган на Северна Македонија дека дипломата за завршено образование овозможува прием во високообразовни институции на Северна Македонија*;

– Сертификат за познавање на грчки јазик (доколку е достапен);

– Извод од матична книга на родени/државјанство*.

Документите мора да бидат официјално преведени на грчки јазик и соодветно легализирани

 

Апликациите мора да се поднесат лично во Амбасадата на Грција во Скопје или во Генералниот конзулат на Грција во Битола, до 8 септември 2025 година.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top