Македонија

Ѓурчески за заканите кон премиерот: Ако не се реагираше брзо, можеше да продолжи и кон пратеници, судии, обвинители!

Добро е што се реагираше брзо, испратена е силна порка кон организираните криминални структури во Македонија, се спречи ова да стане нечие секојдневие, изјави безбедносиот експерт Љубомир Ѓурчески во „Колегиум“ на ТВ Алфа.  Ова лице е познат криминалец, а со тоа е несомнена и неговата поврзаност со овие структури, за коие не е непозната употребата на насилни мерки, па дури и ликвидации, цени човекот кој дел од кариерата ја поминал токму во регионот од каде доаѓа криминалецот кој на социјалните мрежи се закани со јавна егзекуција на премиерот Мицкоски и неумесни зборови кон неговото семејство, потанцира човекот со богата кариера во МВР.

-Уставот и законот посебно предвидел кривични дела за заштита на избрани и именувани функционери, значи посебни кривични дела. Овде имаме една сериозна закана искажана преку социјални мрежи, но од лице познат сторител на кривични дела и прекршоци, насилство, физички пресметки, ливарство, тепачки, добро познат на полицијата. Таа закана кога доаѓа од една таква структура која што е блиску до организираните криминални структури, а знаеме дека тие организирани структури за да остварат некоја цел знаат да ангажираат и платени убијци, ликвидатори и така натака и така натака, односно да навлезат многу сериозно во остварувањето на своите цели, овде станува збор за една сериозно искажана закана и мене ме радува фактот што брзо е интервенирано од центарот за комјутерски криминал при МВР, брзо лоцираа од каде доаѓа заканата, од која со-мрежа и од која ај-пи адреса и така натака, брзо се интервенира, се утврдува сторителот и веднаш обвинителството ги презема оние мерки кои што е должно да ги преземе во предистрагата и издава наредба за негово приведување, бара од судот на претходна постапка мерка активен притвор која што се изрекува, се’ заради заради заштита на именуваниот функционер. Зато и јас самиот, кога зборувам за избрани или именувани функционери внимавам да зборувам без вулгарности, навреди и така натака затоа што одговорноста е сосема поинаку регулирана во кривичното  право, посочи Ѓурчески.

-Овде сериозноста е изразена и мислам дека ако не се реагираше брзо, ова можеше да продолжи и спрема други, пратеници, судии, обвинители и така натаму, предупредува безбедносниот експерт во дебатната емисија „Колегиум“ на Алфа.

Најнови вести од: Македонија

To top