Македонија

Хајредини ја ,,искара” Агелер: Зошто нема истрага за можна корупција во дилот на Груби со Бехтел и Енка

Како што своевремено побара американската амбасадорка по огромните реакции за договорот тежок најмалку 1 милијарда и 300 евра

Екс министерот за финансии и активен политички аналитичар Џевдет Хајредини денеска ја ,,искара” американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со проект кој го почна владата на СДСМ и ДУИ.

,Откако американската амбасадорка Агелер го посети градилиштето на Kоридор 8 Хајредини прашува зошто нема истрага за можна корупција во дилот на Груби со Бехтел и Енка.

,,Колку што е познато, ниеден надлежен орган досега не истражува дали договорот со изведувачот, кој, со инсистирање на Груби беше изгласан по итна постапка и со европско знаменце.

Како што е познато, во тоа време да се води истрага за тоа дали договорот содржи коруптивни одредби, предложи самата амбасадорка АГЕЛЕРАмериканската амбасадорка Агелер го посети градилиштето на Kоридор 8.
xxx
Колку што е познато, ниеден надлежен орган досега не истражува дали договорот со изведувачот, кој на полноќ, со инсистирање на Груби беше изгласан по итна постапка и со европско знаменце, содржи тајни клаузули.
Како што е познато, во тоа време да се води истрага за тоа дали договорот содржи коруптивни одредби, предложи и самата амбасадорка АГЕЛЕР.
П.с.
Се знае дека против употребата на европското знаменце, беа и амбасадорката АГЕЛЕР и амбасадорот на ЕУ ДЕЈВИД ГИР”, пишува Хајредини.

Откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт владата на Мицкоски преку  министерот за транспорт и врски Александар Николовски со преговори успеа да ја намали штетата од контроверзниот договор што го потпиша Артан Груби.

Македонија со преговорите на Николовски засега заштедува стотина милиони евра но досега од САД нема инфорамции за истрага како што своевремено побара американската амбасадорка по огромните реакции за договорот тежок најмалку 1 милијарда и 300 евра.

Доколку владата на ВМРО-ДПМНЕ го прекинеше договорот Македонија ќе мораше да плати штети вредни стотици милиони евра и да остане без автопати.

* Текстот е променет согласно промената направена во постот на Хајредини

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top