Регион

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината, поради ескалацијата на тензиите меѓу пратенците од владејачката позиција и опозицијата.

Како што јавуваат албанските медиуми од Тирана денес попладнево, на 22 октомври 2026 година, се случуваат вистински хаос и физички судири во албанскиот парламент. Пратениците на Демократската партија ја блокираа говорницата, превртуваа столчиња и фрлаа предмети кон претставниците на мнозинството. Фламур Нока му го грабна микрофонот на Таулант Бала и го фрли регулативата кон претседателот на парламентот, Нико Пелеши, додека пратеникот на демократите Фидел Крека го удри во глава поранешниот министер Ервин Хоџа со предмет за гласање.

Тензиите ескалираа кога Таулант Бала, шеф на пратеничката група на Социјалистичката партија, почна да зборува, а опозициските пратеници се обидоа да го спречат. Пратеникот на Демократската партија, Фламур Нока, му се приближи на Бала и насилно му го оттргна микрофонот. Двајцата влегоа во вербална расправија, но бидејќи микрофоните им беа исклучени, не се слушна што си рекле.

Претходно, заменик-претседателот на Демократската партија, Белинд Ќелиќи, од собраниската говорница порача дека партијата целосно ги поддржува студентите и нивните барања. По неговото обраќање, ситуацијата дополнително се влоши. Опозициските пратеници ги превртеа столчињата и се обидоа да го спречат гласањето за дневниот ред, во кој се вклучени неколку важни предлог-закони.

Тензиите продолжија во собраниската сала, додека за дневниот ред гласаа само пратениците од владејачката Социјалистичка партија. Во меѓувреме, стотици демонстранти се собраа пред парламентот и побараа оставки, јавуваат албанските медиуми од Тирана.

Најнови вести од: Регион

„Кауфланд“ казнет со рекордни 76 милиони евра во Бугарија – вршел притисок врз сите, компанијата се заканува со стопирање на инвестициите

Одлуката следува по повеќемесечно истражување на пазарот на храна, кое бугарскиот регулатор го започнал во јуни 2025 година, со посебен фокус на цените, трговските маржи и договорните односи меѓу големите синџири и производителите.

To top