Македонија

Хероите живеат вечно: Одбележани 10 години од кобните настани кај Диво Насеље

Пред споменикот на херојот Горан Стојменовиќ во населеното место Инџиково денеска се оддржа настан за одбележување на 10 годишнината од настаните во кумановско Диво Насеље, кои се случија во 2015 година. На настанот, како што информираат од општина Гази Баба, пред присутните се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на општина Гази Баба […]

Пред споменикот на херојот Горан Стојменовиќ во населеното место Инџиково денеска се оддржа настан за одбележување на 10 годишнината од настаните во кумановско Диво Насеље, кои се случија во 2015 година.

На настанот, како што информираат од општина Гази Баба, пред присутните се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и член на семејството на Горан Стојменовиќ.

Никогаш во ниедна страница на македонската историја, нема да избели споменот на кобниот мај пред 10 години, денот кога нашите македонски јунаци, припадници на Министерството за внатрешни работи ги положија своите животи во жестокиот судир за одбрана на нашата татковина, истакна министерот Тошковски.

Градоначалникот Стефковски, нагласи дека Македонија загуби осум свој синови, луѓе со имиња, семејства и соништа.

-Тоа беа луѓе кои облекоа униформа не поради должност, туку поради верба дека Македонија колку и да е мала, заслужува мир, безбедност, а пред и над се достоинство! Нивната жртва не е само симбол на трагедија. Таа е симбол на храброст и љубов кон татковината, изјави Стефковски.

Во знак на длабока почит и сеќавање, по повод 10-годишнината од трагичните настани во Диво Насеље, беа пуштени 8 бели балони кон небото – симбол на чест, мир и благодарност. На секој балон беше испишано името на еден од нашите херои кои го положија својот живот за татковината.

Овој чин е тивка, но моќна порака дека нивната жртва не е заборавена. Белите балони го прободеа небото како симбол на нивната вечна слобода и нашата трајна должност да се сеќаваме. Нека се издигне нашето сеќавање – нека лета нивната храброст, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

ЦУК: Крушево со заматена вода за пиење по поројните дождови, службите интервенираат низ Македонија

Во Крушево, поради поројните врнежи, водата за пиење е заматена и се препорачува превривање најмалку 10 минути. Нивото на Црна река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата каде претходно имало излевање. Екипи од ЈП „Комуна“, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежните служби работат на зајакнување на насипите кај критичните точки, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Водачот на најбројната бунтовничка група во Колумбија ФАРК повика на „обединување за борба против американска интервенција“

Водачот на најбројната бунтовничка група на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC), Нестор Грегорио Вера, во видео порака, повика на обединување на сите герилци во оваа латиноамериканска земја со цел „борба против американската интервенција“. „Сенката на интервенционистичкиот орел се надвива подеднакво над сите. Судбината нè повикува да се обединиме. Ние не сме раштркани сили, ние сме следбеници на истата цел. Да го покажеме нашето единство со дела и да создадеме голем блок со кој ќе го истиснеме непријателот од нашата татковина“, им порача Грегорио Вера на членовите на Националната ослободителна армија (ELN) и Боливарската герилска армија, групи кои се отцепија од FARC.

Трамп: Мора да го поседуваме Гренланд, за да ги спречиме Русија и Кина да го земат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да го „поседуваат“ Гренланд за да ги спречат Русија и Кина да го преземат, велејќи дека тоа ќе се направи „на лесен или на тежок начин“. Острата изјава доаѓа по неодамнешните сигнали од Белата куќа дека администрацијата размислува да ја купи полусамостојната територија од Данска, но не ја исклучува опцијата за присилна анексија, пишува Би-Би-Си.

Денес гласаат болните и изнемоштените лица пред утрешните избори за градоначалник во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат својот глас во нивните домови, а ќе гласаат и притворените и затворениците, жители на овие општини. Од Државната изборна комисија (ДИК) посочуваат дека се е подготвено за повторените избори.

Најнови вести

To top