Македонија

И денеска многу топло, попладне може и да заврне

Значително опаѓање на дневната температура дури од четврток

Многу топлото време  со температури во интервал од 12°C до 20°C во утринските часови, до максимални дневни од 30°C до 40°C ќе преовладува денеска низ целата земја.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со слаба до умерена нестабилна облачност и слаб јужен ветер.

Во попладневните и вечерните часови локално ќе се развива нестабилна облачност со можност за пороен дожд и грмежи, особено во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер.

До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40 степени.

Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а в среда, претежно во северните делови од земјава, ќе има локален дожд.

Според прогнозата на Управата за хидтрометеоролошки работи, максималната температура во четврток и петок ќе падне на 32 односно 33 степени.

 

Најнови вести од: Македонија

Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски, рече известувачот на Европскиот парламент за Македонија

Процесот на пристапување е сопрен, а напредокот во клучните области, особено владеењето на правото и борбата против корупцијата, е недоволен. Со оваа порака, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, го отвора годинешниот нацрт-извештај за земјава, кој на 26 февруари ќе го презентира пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Станбениот квадрат отиде во „астрономијата“: Најмногу поскапеле становите во Куманово, Тетово, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени станови, споредено со истиот период од претходната година, има во Куманово за 24 проценти, Тетово 22 проценти, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба со по 16 проценти, Центар 14 проценти, а пад на цените на продадени станови има во Гостивар два процента.

To top