Македонија

Идната година ќе се заокружи имплементацијата на „Сејф сити“ во цела Македонија

Министерот Тошковски за плановите со „Безбеден град“

Се надевам дека до јуни-јули идната година ќе го имплементираме „Безбеден град“ на целата територија на државата, а сигурен сум дека до крај на 2026 година ќе го имплементираме во секој еден град како паметен систем. Македонските граѓани заслужуваат и во Тетово, и во Скопје, но и во Берово, Делчево, Струга и во Охрид да имплементираме едно паметно решение кое би требало да ја следи европската стратегија на „нула жртви“, односно таа стратегија до 2050 година да немаме човечки жртви како последица непочитување на сообраќајни правила – истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој притоа потсети дека тест периодот за регистрирањ ена прекршоци од системот „Бебеден град“ трае до 1 февруари идната година.

Според Тошковски, ова е само еден дел од чекорите коишто треба да се преземат, но и во овој краток временски период, во рамки на тест периодот, првичните информации се дека навистина македонските граѓани поинаку се однесуваат кога управуваат моторно возило отколку порано.

– И многу ми е мило што бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди и генерално бројот на сообраќајни несреќи, таму кадешто овој проект го имлементираме, се намалува. Тоа е многу битно. Прва и најголема цел, јас би рекол и последна цел на имплементацијата на овој систем, е спасување барем еден човечки живот повеќе од претходно. Така што, резултатите коишто треба да ги даде „Безбеден град“ се навистина многу големи – потенцираше министерот Тошковски.

Тој додаде дека никој нема да биде изземен од „Безбеден град“, освен возилата на полицијата кога преземаат дејства, итната медицинска помош и возилата на противпожарните единици.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top