Македонија

IN MEMORIAM: Замина човекот кој живееше и твореше за промоција на македонскиот фолклор

Симеон Чулев остави неизбришлив белег во историјата на Танец и македонската фолклорна уметност

 

Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со длабока почит и тага ја информира јавноста за одржување на Комеморативна седница во спомен на својот долгогодишен истакнат играорец и солист, Симеон Чулев.

 

 

Симеон Чулев беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на ансамблот и во македонската фолклорна уметност.

 

Комеморацијата ќе се одржи на:

 

Дата: Вторник, 16.12.2025 година

Време: 09:30 часот

Место: Просториите на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“

На комеморативната седница, сите соработници, пријатели, колеги ќе се потсетат на неговиот исклучителен уметнички придонес, посветеност и богата кариера во „Танец“.

 

Ве повикуваме да присуствувате и да оддадете последна почит на ликот и делото на Симеон Чулев

 

Посмртните останки ќе бидат изложени во капела Бутел од 11:30 до 12:30 часот, погребот ќе се оддржи на гробиштата Камник-населба Ченто.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top