Македонија

ИНА: Ако продолжи одбивањето на сосопственоста на Албанците врз државата, тие ќе се радикализираат, ќе бараат целосна автономија и ќе се исцртаат границите!

„Ако македонската политичка елита продолжи да го игнорира албанскиот јазик и да отфрла дека и Албанците се сосопственици на оваа држава, тогаш таквото одбивање неодбежно ќе доведе нѐ до поделба, до радикализација на албанските барања и до нивно барање за целосна автономија со исцртани граници.“ – наведува информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ во својот уреднички коментар со наслов „Отфрлањето на албанскиот јазик од страна на Македонците: Тивкото самоубиство на државата, која одбива сосопственост“.

Натаму, во својот уреднички коментар агенцијата пишува: Дали е свесна македонската политичка елита дека „штитејќи“ го својот јазик преку игнорирањето на албанскиот јазик, го загрозуваат постоењето на државата, што велат дека ја сакаат? Ако не интервенира итно политиката, за да создаде мост, каде што албанскиот јазик ќе се изучува во училиштата како знак на почит и потреба, тогаш земјата ризикува да се претвори во „нефункционална“ држава како Босна или Кипар. Границите се цртаат секој ден во умот, пред да бидат нацртани на хартија.

Зошто ова одбивање нè води кон неизбежна поделба? 

1. „Де факто“ поделба: Кога нема комуникација, започнува поделбата во секојдневниот живот. Албанците отвораат бизниси за Албанците, Македонците за Македонците. Градовите се претвораат во етнички „острови“ каде што реката Вардар, или една улица, служат како невидлива граница.

2. Порака за „неприфаќање“: Кога одбивате да ги научите дури и основите (поздрав, или бројки), политичката порака е јасна: „Не ве прифаќаме како сосопственици на оваа земја, туку како странци, што живеат тука.“

3. Радикализација на барањата: Ова отуѓување произведува губење на лојалноста кон државата. Ако не се согласиме за заеднички дом, следниот логичен чекор е барањето за ѕидови и целосна автономија.

Заклучок: Не може да напредува една земја, во која 30 отсто од населението е јазично игнорирано од остатокот од мнозинството не може да напредува. Отфрлањето на јазикот е отфрлање на коегзистенцијата, на сопостоењето. – наведува агенцијата Илирија-ИНА во својот уреднички коментар


Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top