Македонија

Исени: Ахмети не си ја контролира ни пратеничката група, камоли државата

Заменикот на Тошковски во МВР му фати сеир на лидерот на ДУИ за двајцата пратеници што гласаа за законот наспроти партијата

Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени ѝ порача на ДУИ, која ја повлече согласноста од лидерската средба непосредно пред гласањето за „Безбеден град“, дека системот ќе се спроведе со или без нив, а не пропушти ни да го „пецне“  лидерот Али Ахмети околу контролата врз неговата пратеничка група, од која двајца гласаа за законот.

„’Безбеден град’ не се камери. Тоа се спасени животи. Тоа е крај на хаосот на патиштата и неодговорноста што одзеде човечки животи“, пишува Исени на својот приватен профил на Фејсбук, обвинувајќи ја ДУИ дека избрала да излезе против безбедноста на граѓаните.

„Од ветувања за поддршка, тие отидоа да го саботираат виталниот закон, само за евтини политички пазарења. Денес стана јасно: јавната безбедност им вреди помалку од партиските интереси. Ова покажува нешто друго: Али Ахмети не ја контролира ни сопствената група пратеници, а камоли државата. ВРЕДИ не се повлекува и не се плаши. ‘Безбеден град’ ќе се спроведе со или без ДУИ. Ние сме на страната на граѓаните, а не на страната на пазарењата. Кој е против безбедноста, е против народот“, пишува Исени.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

To top