Македонија

Истражување од САД: Како митот “Никотинот предизвикува рак” му штети на јавното здравје?

Многу Американци имаат негативен став кон никотинот. Стимулансот, кој природно се наоѓа во тутунските растенија, е тоа што ги прави луѓето зависни од цигарите, при што пушењето е причината за 490.000 смртни случаи во САД секоја година. Кога луѓето се обидуваат да се откажат од пушењето, најчесто потребата за никотин и напливот на допамин што […]

Многу Американци имаат негативен став кон никотинот. Стимулансот, кој природно се наоѓа во тутунските растенија, е тоа што ги прави луѓето зависни од цигарите, при што пушењето е причината за 490.000 смртни случаи во САД секоја година. Кога луѓето се обидуваат да се откажат од пушењето, најчесто потребата за никотин и напливот на допамин што го ослободува во мозокот, ги спречуваат нивните обиди. Во овој контекст, никотинот е одговорен за многу здравствени проблеми.

Но, експертите за јавно здравје велат дека иако никотинот претставува ризик, некои производи што го содржат се побезбедни од цигарите. Затоа експертите се загрижени дека широко распространетите заблуди за ефектот на оваа состојка врз телото прават поголема штета отколку корист. Мнозинството луѓе во САД погрешно веруваат дека никотинот е супстанцата во цигарите што предизвикува рак.

– Всушност, штетата од пушењето доаѓа од согорувањето на состојките во цигарата, а не од самиот никотин – објаснува Џејми Хартман-Бојс, истражувач за здравствена политика на Универзитетот во Масачусетс Амхерст. Во чадот од цигарите произведен од согорувањето на тутунот се идентификувани повеќе од 70 канцерогени материи, што може да ја оштети човечката ДНК и да биде основа за појава на рак. Со години, цигарите беа главниот начин на кој повеќето Американци консумираа никотин. Од аспект на јавното здравје, не претставуваше голем проблем ако луѓето ги поистоветуваат опасностите од пушењето со опасностите од таа конкретна супстанца, сè додека тоа ги одвраќаше од палење цигара.

– Сега, благодарение на новите опции без чад како што се уредите што го загреваат тутунот и никотинските ќесички, ние сме во сосема поинаков пејзаж кога станува збор за комерцијални производи со никотин – вели Хартман-Бојс.

Студиите покажуваат дека никотинските ќесички одобрени од Американската администрација за храна и лекови (ФДА), иако не се без ризик, ја намалуваат изложеноста на луѓето на штетни материи во споредба со цигарите. Во што е проблемот? Проблемот со кој сега се соочуваат експертите за зависности и јавно здравје е како да се коригира наративот за никотинот заради намалување на штетата. Тие сакаат луѓето кои пушат да знаат дека преминувањето на помалку штетни алтернативи со никотин е подобра опција од продолжување со пушење цигари. Студиите сугерираат дека поголема е веројатноста луѓето успешно да се откажат од пушењето со помош на алтернативите што содржат никотин бидејќи тие помагаат во ублажување на симптомите на апстиненција.

Секако, експертите не ги охрабруваат луѓето кои воопшто не користат тутунски производи да станат корисници на тутунските алтернативи. Што знаеме за никотинот? Организациите против тутун имаат тенденција да заземаат цврст став против никотинот, нагласувајќи го неговото влијание врз развојот на мозокот кај адолесцентите. Неспорно е дека употребата на никотин носи реални ризици. Жените кои користат тутун без чад за време на бременост може да родат бебиња со помала родилна тежина од жените кои не користат никотин, а истражувањата врз глувци сугерираат дека користењето вејп за време на бременост може да наштети врз развојот на белите дробови на бебињата.

– Никотинот создава зависност, особено за луѓето кои почнуваат да го користат на млада возраст. Но, тој не предизвикува директно рак поврзано со пушењето. Кога станува збор за прашањето дали никотинот предизвикува други сериозни разлики во развојот на мозокот, одлуката на жирито дефинитивно сè уште е нерешено – вели Хартман-Бојс.

Според професорот Џонатан Фаулдс од Институтот за рак на Универзитетот Пен Стејт, доказите дека никотинот е штетен за мозокот во развој имаат приближно ист квалитет како и доказите за влијанието на кофеинот врз младите луѓе.

– И двата се стимуланси кои веројатно можат да имаат негативен ефект врз развојот на мозокот. Но, истите луѓе кои велат дека никотинот предизвикува оштетување на мозокот, им даваат џепарлак на своите деца да одат во „Старбакс“ и да купуваат што сакаат – вели Фаулдс.

Диференцирањето на ризиците од зависност од никотин и ризиците од согорен тутун не е едноставна порака за пренесување. Но, истражувањата сугерираат дека сеопфатните пристапи кои ги водат луѓето низ науката, објаснувајќи ги основните причини за штетите од тутунот, се најефикасни во намалувањето на лажните верувања.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кој беше Борис Трајковски, како загина и што ни остави?!

Покрај претседателот Борис Трајковски, во авионската несреќа животите ги загубија членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од трагедијата денеска се одбележува во Скопје, родниот град на поранешниот претедател, Струмица, како и во Ротимље

(Фото): ​Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и МЦГО

Во образовниот сегмент, преку оваа соработка во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од април започнуваат низа активности. Учениците ќе поминат обуки за медиумска писменост и поголема безбедност на интернет, ќе реализираат сопствени младински иницијативи и ќе учествуваат во „Отворен ден за пријателство и почит“. Проектот ќе биде придружен и со соодветна медиумска кампања на социјалните мрежи, насочена кон промоција на вредностите на проектот и заштитните механизми во заедницата.

Македонија без роаминг во земјите од ЕУ – реалност или надеж?!

Европската Унија е чекор поблиску кон олеснување на мобилната комуникација за граѓаните на Западен Балкан. Европската комисија најави дека ќе побара од Советот на ЕУ зелено светло за старт на преговори со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, со цел укинување на роаминг-надоместоците при патувања во Унијата.

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите за земјоделците, манипулацијата на опозицијата паѓа во вода

Нема кратење на субвенциите со новата Програма за директни плаќања туку воведување ред и правична распределба на парите за земјоделците, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на седницата за пратенички прашања.

Мицкоски: Осудувам секаков говор на омраза, вклучително и по етничка основа

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека осудува секаков вид говор на омраза, вклучително и оној на етничка основа. Смета дека никој не треба да користи таков говор и оти од државните институции ќе побара најстроги санкции за оние што ќе навредуваат по етничка основа.

Кривична пријава против А.Б., полициски службеник од Шестата управа, го возел приватното возило без возачка

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Б. поднесе предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари за „злоупотреба на службена положба“ и штета од 4 милиони денари

МВР поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Кичево, две други лица и еден правен субјект, со злоупотреби и несовесно работење го оштетиле буџетот на Општина Кичево за сума од над 1.400.000 денари.

Мицкоски за Груби: Нема никаква логика да сум се договорил со оние, кои сакаат да го видат мојот политички крај!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека поранешниот вицепремиер Артан Груби е обезбеден од страна на органите на редот и целата понатамошна постапка е одлука на судската власт.

To top