Македонија

Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија да попушти за Македонија!

Според „Ил Соле 24 Оре“, Вашингтон користи преседан од 2018-2019 година, кога ја убедил Софија да не го блокира Скопје за НАТО

Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја убедуваат Бугарија да попушти за Македонија, пишува авторитетниот економски и финансиски дневен весник во Италија, „Ил Соле 24 Оре“ (Il Sole 24 Ore).

„Според регионални дипломатски извори, Соединетите Американски Држави на Доналд Трамп веќе отвориле доверлив канал за комуникација со Софија за да ја убедат Бугарија да го намали притисокот врз Скопјe. Се вели дека Вашингтон се потпрел на значаен преседан: во 2018-2019 година успеал да ја убеди Бугарија да не го блокира пристапот на Северна Македонија во НАТО, и покрај загриженоста за националниот идентитет. Денес се вели дека целта е слична: имено, да се спречи бугарско-македонскиот спор да стане нова точка на ранливост на Балканот. Многу е веројатно дека САД чекаат време до најсоодветниот политички момент, најверојатно бугарските претседателски избори оваа есен, што би можело да го преобликува внатрешниот баланс на моќ и да обезбеди дипломатски прозорец за договор“, се вели во написот.

Италијанскииот медиум додава дека, поради ситуацијата, Италија е во незгодна позиција бидејќи ја поддржува европската интеграција на Западен Балкан, а со тоа и на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара од Лукаревска итно да ја закаже надзорната расправа за Алта банка, кој тука се колеба?!

Стојаноски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги постави сите прашања коишто ја интересираат јавноста, бидејќи смета дека се создава паника таму каде што нема потребa, а граѓаните заслужуваат одговори.

Директорот на АХВ Оливер Миланов поднесе оставка, на негово место е назначен Јовица Андовски од здравство

АХВ во остро соопштение ги отфрли тврдењата на претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили дека оставката на досегашниот директор Оливер Миланов е резултат на притисокот и незадоволството на сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите.

Администраторот од НБРМ Илија Андовски ги издал лиценците на менаџметот на Алта банка, се гледа ли позитивен епилог на долг рок?!

Народната банка веќе назначи тројца администратори назначени од Народната банка го преземаат управувањето со Алта банка АД Битола во наредните три месеци, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност.

Вајц повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, но и да се промени македонскиот устав!

Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен пакетот за проширување, ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија.

За Кос Македонија е „меѓу најподготвените кандидати за ЕУ“, ама уставните измени остануваат услов за напредок!

„С.Македонија ја подобри подготвеноста за членство во Европската Унија и е меѓу земјите кандидати со највисок степен на усогласеност со европското законодавство. Сепак, за деблокирање на пристапните преговори и отворање на првиот кластер ‘Темели’, земјата треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година, со кои се предвидува вклучување на малцинствата во Уставот.“ –  порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната прес-конференција во Брисел по повод  претставувањето на „Пакетот за проширување“ за 2026 година.

To top