Македонија

Ивор Мицковски: Вакво криминално и кавгаџиско раководство не памети СДСМ во својата историја, со него нема иднина ни тој ни државата!

„Вакво арогантно, клановско, племенско, извалкано, криминално и криминогено, тесно и финансиски зависно, просто и некултурно, кавгаџиско, а испразнето од секаква политичка тежина и цел, освен личниот спас од кривична одговорност – е вакво штетно раководство некогаш најголемата опозициска партија СДСМ не памети во својата историја.“ – нагласува новинарот Ивор Мицковски во својата објава на фејсбук.

Натаму тој им порачува во СДСМ: Престанете да испишувате црни страници, да одработувате за тесни интереси и да ѝ правите услуга на власта. И помирете се со фактот дека со вас нема иднина ни партијата, ни државата.

Секој ден повеќе со вас е ден изгубен, за нешто да се подобри во Македонија.

 

Најнови вести од: Македонија

Министерот за одбрана Мисајловски со честитка по повод 8. Март, Меѓународниот ден на жената

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, по повод Меѓународниот ден на жената 8 март упатува честитка до сите жени, припаднички во составот на македонската Армија и во Министерството за одбрана.

Предосмомартовско семејно насилство: Маж од охридско село ја нападнал сопругата овојпат со пластичен предмет!

На 7.3.2026 година во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 39-годишен маж од охридско село, откако претходно било пријавено семејно насилство.

Почна извлекувањето на македонските граѓани од Блискиот Исток

Според последните податоци Амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација. Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Кралството Саудиска Арабија, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Најнови вести

To top