Македонија

Изгоре автомобил во движење во скопско Радишани (ВИДЕО)

Видео од запаленото возило беше споделиено од порталот „Маркукуле“ на својата фејсбук-страница, каде што на снимката се гледа како густ црн чад и пламен целосно го голтаат луксузниот автомобил „порше кајен“

 

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека возилото го управувала жена која, за среќа, поминала без повреди. Според првичните информации, возилото се запалило во движење, пишуав Слободен печат

Видео од запаленото возило сподели порталот „Маркукуле“ на својата фејсбук-страница, каде што на снимката се гледа како густ црн чад и пламен целосно го голтаат луксузниот автомобил „порше кајен“.

Објавата на социјалните мрежи веднаш предизвика бројни коментари од граѓаните – додека едни критикуваат за недостиг на противпожарни апарати во возилата, други дебатираат за причините за пожарот, кои допрва треба да се утврдат по увидот на надлежните служби.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top