Македонија

Изјавите на Пендаровски за употреба на албанскиот јазик не се точни

Особено е значајно јавни личности или лица кои вршеле високи државни функции и може да придонесат за креирање на јавната перцепција, да се воздржат од изнесување неточни или непроверени информации

 

Уставниот суд реагира во врска со изјавата на поранешниот претседаел во врска со иницијативата за оценување на уставноста на Законот за употребата на јазиците изнесени во емисија на косовскта Теве1, каде поранешниот претседател вели дека „некој, наводно обичен граѓанин, непознат на јавноста, поднел барање до Уставниот суд со кое се оспорува Законот за употреба на јазиците, односно дека истиот не е во согласност со Уставот и бара поништување.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Од Устевен соопштија дека не станува збор за „подносител кој е непознат за јавноста”, туку за 13 иницијативи поднесени од 45 подносители, меѓу кои има и политички партии, професори, адвокати, здруженија и граѓани, а оваа информација во повеќе наврати изминатите години е јавно објавена од страна на Судот, во рамки на заложбите за транспарентност.

„Судот исто така укажува дека, имајќи ја предвид сензибилизираната јавност за овој предмет, високиот степен на јавен интерес, особено е значајно јавни личности или лица кои вршеле високи државни функции и може да придонесат за креирање на јавната перцепција, да се воздржат од изнесување неточни или непроверени информации, без разлика дали се наменети за домашната или меѓународната јавност. Дополнително, прејудицирањето на одлуката на Судот, како и изнесувањето претпоставки за можните последици од одлучувањето, претставува несоодветен пристап кој може да влијае не само врз угледот на Судот, туку и врз перцепцијата за правниот поредок и институционалниот интегритет на државата“, предупредува Уставниот суд.

Уставниот суд ја информира јавноста дека во конкретниот предмет не е донесена одлука и дека Судот за овој предмет, исто како и за сите останати ќе постапува во согласност со Уставот, врз основа на сите релевантни факти, аргументи и правни норми, се додава во реакцијата.

Најнови вести од: Македонија

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ.

Најнови вести

To top