Македонија

Измамена откако дала 3.000 евра за отпочнување бизнис

Маместо почеток на бизнис со сограѓанка, следувало разочарување

Дваесет и осумгодишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена за 3.000 евра, откако поверувала во понуда за заеднички бизнис.

Според нејзината пријава, друга жена од градот ѝ предложила да започнат сопствена деловна активност. Парите ги предала лично, со очекување дека договореното ќе се реализира. Но, наместо почеток на бизнис, следувало разочарување – проектот никогаш не бил започнат, а парите не ѝ биле вратени.

Случајот е пријавен во полиција и во тек е постапка за расчистување на настанот.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Нема рок кога ќе се врати водата за пиење во Гостивар

„Сакаме да бидеме максимално сигурни , значи се следат пробите, секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби, кога повеќе од нив ќе бидат соодветни, ќе може да се користи водоводот., вели министерот за здравство

To top