Македонија

Изречена казна за операторот „Ванила фуд“ по масовното труење во скопската населба Влае

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече вкупна казна од 2.450 евра на операторот „Ванила фуд“ по масовното труење на околу 40 ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае на 26 ноември 2025 година

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече вкупна казна од 2.450 евра на операторот „Ванила фуд“ по масовното труење на околу 40 ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае на 26 ноември 2025 година. Меѓу затруените деца беше и помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски.

По добиените лабораториски резултати од Институтот за јавно здравје и од сопствените вонредни контроли, АХВ утврди дека:

  • во мусаката послужена во прва смена се пронајдени грам-негативни бактерии од фамилијата Enterobacteriaceae (фекални бактерии);
  • истата група бактерии е пронајдена и на три чешми во училиштето;
  • во еден намаз од другите девет училишта во Карпош со кои стопанисува истиот оператор е утврдена Escherichia coli;
  • во две училишни кујни нема топла вода, а едно лице немало сертификат за завршен курс по хигиена.

Поради овие недоследности, „Ванила фуд“ доби три парични казни:

  • 600 € + 300 € за одговорното лице поради небезбедна мусака;
  • уште две казни по 600 € + 300 € за одговорното лице поради утврдените пропусти во превентивните контроли во деветте училишта;
  • 650 € за недостиг на топла вода и за некомплетна документација на персоналот.

Кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ останува затворена до добивање на негативни наоди од новите брисеви земени денес по спроведеното генерално чистење и дезинфекција. Сите вработени во кујната се упатени на вонреден здравствен преглед.

Најнови вести од: Македонија

Бујар Османи ја кодоши Македонија пред меѓународната заедница

Тврди дека Владата погрешно ја претставува природата на студентските протести, етикетирајќи ги како партиски, а ваквите обиди за заблуда, како што вели, не ја одразуваат вистинската грижа на студентите кои се директно поврзани со спроведувањето на постојните права.

To top