Симеон Михајлов, татко на Ива Самоилова, на која ѝ се суди за сообраќајка во која загина едно лице а други беа повредени, за бугарски медиуми вели дека во Македонија „случајот се решава политички, а македонските власти намерно го користат фактот дека семејството има бугарски пасоши и самосвест“.
Во изјава за бугарска Нова ТВ тој тврди дека македонските власти се обидуваат да ја префрлат вината за трагичниот инцидент врз неговата ќерка Ива.
Смртоносната несреќа се случила на 7 октомври 2025 година, на автопат во близина на Штип. Според приказната на Михајлов, „полициска патрола запрела автомобил за проверка на апсолутно забрането место за таа цел – зона на брзина, каде што минималното ограничување на брзината е 90 км/ч. Во обид да избегне удар во запрените полицајци, автомобил што доаѓал од спротивната насока одеднаш влегол во лентата на Ива и се судрил челно со неа. Возачот на другиот автомобил починал на самото место“.
Тој додава дека, како што вели, имало „два експертски извештаи кои категорично докажуваат дека Ива не ја напуштила својата лента и апсолутно не е виновна за она што се случило“.
Таткото додава дека „македонските власти намерно го искористиле фактот дека семејството ги презентирало своите бугарски лични документи по несреќата“.
Ива Михајлова моментално има скршени пршлени во ‘рбетот и има потреба од итна медицинска интервенција, која не може да ја добие во Македонскиот медицински центар. Иако семејството понудило гаранција за имотот од над 82.800 евра, судот категорично одбива да ѝ дозволи да ја напушти земјата и да се врати во Бугарија на лекување, пренесуваат бугарски медиуми.