Македонија

Јанкуловски: Да беа на власт „пазарџиите со националните интереси“ од СДСМ, тогаш ќе требаше да се загрижиме околу мигрантите!

„Сѐ ми изгледа дека е долг патот на мигрантите до одредиштата, што ги посочуваат британските медиуми, како што се земјите на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија. Кога Европскиот суд за човекови права ќе престане да ги блокира земјите-членки на Советот на Европа во склучувањето договори во стилот на Руанда за центри за обработка на мигранти во странство, тогаш, можеби, ќе требаше да бидеме загрижени, но, само ако на власт беа СДСМ кои се покажаа како ‘добри пазарџии со националните интереси’!“ – нагласува универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Да престане да ја блокира депортацијата во стилот на Руанда! – му порача британскиот премиер на Судот во Стразбур“.

Покрај другото, во колумната, што ја објави информативната агенција Нетпрес, Јанкуловски пишува: Дваесет и седум од 46-те членки на Советот на Европа, вклучувајќи ги Велика Британија, Унгарија и Италија, потпишаа неофицијална Декларација, во која се бара нова рамка на Европската конвенција за човекови права, која ќе го ревидира членот 3 на Конвенцијата, да биде „ограничен на најсериозните прашања на начин, што нема да ги спречи државите-страни да донесуваат пропорционални одлуки за протерување на странски криминалци…“ На овој начин одредбите на Конвенцијата повеќе не би требало да се користат за спречување на депортации на странски криминалци и други мигранти, или за користење на договори за враќање. Како одговор на Декларацијата, Комитетот на министри од 46-те членки на Советот на Европа вети натамошни дискусии за можни реформи. Франција, Шпанија и Германија се меѓу земјите кои одбија да ја потпишат Декларацијата и ги ставија своите имиња во посебна, официјална Декларација, поддржана од сите 46 влади.

Со оваа Декларација се бара наоѓање вистинска рамнотежа меѓу индивидуалните права и интереси на мигрантите и важните јавни интереси за одбрана на слободата и безбедноста во општествата на земјите – членки. Во неа се предупредува против „непријателските“ влади кои ги насочуваат мигрантите кон границите за да извршат притисок врз земјите – членки. Двете одделни Декларации се знаци на длабоки поделби низ Европа околу тоа како да се справи со илегалната миграција и дали да се продолжи со гарантирање на правата на бегалците и економските мигранти. Премиерот на Велика Британија бара од Судот да ја толкува Конвенцијата за човекови права согласно со изменетата ситуација со мигрантите во Европа, нагласувајќи дека „судиите во Европскиот суд за човекови права, како и другите судови не живеат на Марс, туку тука“, со што потврди до каде се оди со политизацијата на Судот.

Станува очигледно дека Европската конвенција за човекови права е под силен притисок од владите на државите-членки на Советот на Европа. Сѐ започна по фијаското на договорот на Велика Британија и Руанда од 20022 година, според кој барателите на азил кои пристигнуваат во Велика Британија ќе им биде забрането да бараат заштита во оваа земја и наместо тоа ќе бидат испратени во Руанда, каде што ќе бидат обработени според правниот систем на Руанда и нема да можат да се вратат во Велика Британија. Во ноември 2023 година, Врховниот суд на Велика Британија пресуди дека планот е незаконски, бидејќи депортацијата на мигранти во Руанда би го прекршила британското и меѓународно право и договорите за човекови права.

Ниеден барател на азил никогаш не бил испратен, а првиот лет бил откажан по правните оспорувања во јуни 2022 година. Ниту ваквата шема на Данска со Руанда не заживеа од истите причини. На Велика Британија ѝ се брза. Стармер посочи дека ќе биде отворен за нови договори за обработка на барателите на азил, откако ќе ги испратат во трети земји. Но, свесен е дека тоа нема да помине без промена на Европската конвенција за човекови права. Затоа планот на Стармер за депортација на мигрантите во трети земји сега оди преку Стразбур, по цена од разводнување на заштитата на човековите права. – посочува професорот Јанкуловски во својата колумна.


Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top