Македонија

Јанкуловски: Многу се накотија печурките, хранети со политичките фекалии на СДСм, кој преку закани кон Героски охрабрува на неријателство кон медиумите!

„Во Македонија премногу се накотија печурките, потхранувани со политичките гом’а на социјалдемократите, за да може да изрти семето на слободниот говор во медиумите! Заканите кон новинарите, кои се случуваат денес, се израз на политичка разгаленост и неотпорност на арогантни политичари да се поднесе критика. Преку закани, омаловажување и оцрнување на новинарот Героски СДСм ги охрабрува своите поддржувачи да не им веруваат на медиумите, со кои не се согласуваат, свесно поттикнувајќи неподнесување и отворено непријателство кон секој оној кој се обидува да ја оствари својата мисија за барање вистина и известување за неа.“ – нагласува универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски во својата жестока колумна со наслов „Политика на „меки стомаци“ – да го вратиме Волтер во Македонија“, која ја обави информативната агенција Нетпрес.

Натаму, покрај другото, Јанкуловски истакнува: Тоа што го прави новинарот Героски во полемиката со опозиционата политичка партија всушност е одбрана на професијата која, повторно како многупати досега, останува молчалива. Да не помисли дека овој напис е во одбрана на новинарот Героски. Нема потреба од тоа, научен е сам да ги води своите битки – за себе и за фелата, на која припаѓа. Политичките закани кон новинарството често се дел од пошироки, систематски напори за ослабување, поткопување, па дури и демонтирање на формалните и неформалните институции на демократијата. Потребен е гласот на нашите медиуми и медиумски организации, за да се прекине со постојаните зборовни напади кои ги ставаат во опасност критички настроените индивидуални новинари и слободата на печатот пошироко.

Целата колумна тука

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top