Македонија

Јотова му се пожали на Фицо од Македонија и побара поддршка

Бугарската претседателка побара поткрепа од словачкиот премиер „за Скопје да ја следи европската политика за пристапување“

Бугарската претседателка Илијана Јотова и словачкиот премиер Роберт Фицо на денешната средба во Софија го разгледале и проширувањето на Европската унија, при што шефицата на бугарската држава му се пожалила од Македонија и побарала поддршка од гостинот.

„Знаете дека имаме некои проблеми со Република Северна Македонија и нејзиното членство во ЕУ. Бараме ваша поддршка за Скопје да ја следи европската политика за пристапување. Четири години не видовме напредок во спроведувањето на обврските преземени од Северна Македонија во 2022 година“, изјави Јотова.

„Двајцата беа категорични дека процесот на пристапување мора да биде според правилата и врз основа на достигнувањата на земјите-кандидати за членство“, стои во соопштението од кабинетот на претседателката на Бугарија.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

To top