Македонија

Како Охриѓанец си поминал на отворање на ,,Охридско лето”

Не е некој голем познавач на опера, ниту се прави дека ги препознал сите арии ама ,,убо си поминал”

Не сум некој голем познавач на опера, ниту ќе се прам дека ги препознав сите арии, ама едно знам, на отворањето на 66тото издание на Охридско Лето убо си поминав, вели Димче Каневче, познат охридски угостител, хуманитарец и активист, препознатлив по својот ангажман во заедницата и како сопственик на популарниот ресторан „Кај Каневче“ во Охрид.

,,Организацијата беспрекорна. Сцената едноставна, а впечатлива. Говорите културни, одмерени и без непотребна патетика. Амфитеатарот преполн. Бесплатниот систем повторно си ја заврши работата, па имаше публика од сите профили.
Да бидам искрен, веројатно не сите дојдоа поради операта. Некој дојде да бидит виден, некој да видит, некој за селфи, некој за политика, а некој навистина за музиката. И там’н во та шареноликост е убајната на ваквите настани, секој си најдвит свое парче вечер”, пишува Каневче кому посебен впечаток ми оставила претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

,,Достоинствен говор, одмерен настап и да не го прескокнам очигледното, одличен избор на тоалета. Секако, како и секогаш, на социјалните мрежи побрзо се анализираше фустанот отколку пораката. Изгледа кј нас модната критика е национален спорт.
Све на све, убав почеток на уш едно Охридско Лето. Кога културата ќе го наполнит античкиот амфитеатар, барем за една вечер изгледат дека знаје и мојме да бидиме подобра верзија од самите себе”, пишува Охриѓанецот.

Најнови вести од: Македонија

Се води ли војна преку водата за пиење и зошто нема доверба во институциите?!

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период. Ова навидум наивно објаснување актот во Гостивар, кој практично имаше ефект на терористичко дело, за жал беше „поткрепено“ со документ од државна институција.

(Колумна): Ладење со вентилатор?

За време на големите топлински бранови (горештини) во некои европски земји (Франција, Англија, …) на телевизија гледавме сцени како наутро при отворање на продавници се создаваа големи турканици за купување било какви апарати за ладење, а најчесто гледавме како грабаат вентилатори.

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

МПЦ-ОА до Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат!

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Архиерејскиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

ВМРО ДПМНЕ: СДС пак се обиде да произведе „изјава“ за „разговори под радарот“, што Муцунски никогаш не ја дал!

СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал, тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

To top