Македонија

Калоѓера среќен за првото признание во Македонија по девет години „тишина“

Хрватскиот борец за „македонските правдини“ ѝ заблагодари на Македонска Каменица за наградата „Јаков од Камена Река“

Хрватскиот славист, македонист и член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав, Горан Калоѓера, го сподели своето задоволство што се најде меѓу годинашните лауреати на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ во Македонска Каменица.

„Во врска со признанието. Ви благодарам на сите за честитките. Второ, ова е мојата прва награда (признание) која ја добивам од Македонија по девет години тишина. Кога човек ќе помисли дека е заборавен (што е нормално), се појавува едно признание, кое го прави среќен и го стимулира. Можам да кажам дека сум задоволен. Благодарам на „Јаков од Камена Риека“, благодарам на Македонска Каменица“, објави на Фејсбук поранешниот почесен конзул на Македонија во Риека до смената од Владата на Зоран Заев во 2017 година.

Вљубеникот во Македонија и прекален борец за „македонските правдини“ со децении наназад ја доби наградата „Јаков од Камена Река“ за промоција на македонскиот јазик, литература и култура.

Истоимениот фестивал во саботата го имаше своето четврто издание во чест на првиот македонски печатар, кој само еден век откако Јохан Гутенберг ја измислил печатарската машина ја отпечатил „Часослов“ на црковнословенски јазик во 1556 година во Венеција.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top